![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/8/8b/Corp2400_-_Flickr_-_NOAA_Photo_Library.jpg/640px-Corp2400_-_Flickr_-_NOAA_Photo_Library.jpg&w=640&q=50)
Леден гребен
From Wikipedia, the free encyclopedia
Леден гребен или ледена плоча — дебела ледена платформа што се образува кога еден ледник или ледена покривка ќе се растече до брегот и врз морската површина. Се среќава само во Антарктика, Гренланд и Канада. Границата помеѓу ледениот гребен што плови и мразот на копното (на карпестото тло) што се претопува во него се нарекува копнена линија. Дебелината на ледените гребени се движи од 100 до 1000 метри.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/8/8b/Corp2400_-_Flickr_-_NOAA_Photo_Library.jpg/640px-Corp2400_-_Flickr_-_NOAA_Photo_Library.jpg)
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/1/1a/Ross_Ice_Shelf_1997.jpg/640px-Ross_Ice_Shelf_1997.jpg)
За разлика од оваа појава, морскиот мраз се образува на самата вода и е многу потенок (обично помалку од 3 м) и се јавува ширум целиот Северноледен Океан и во Јужниот Океан околу континентот Антарктика.
Ледените гребени се дополнуваат поради притисокот од копнениот мраз под дејство на гравитацијата[1] и постојано тече од копнениот дел кон гребенот. Гребените губат на маса кога, по години или децении, мразот станува доволно издаден во водата и од него се отцепува санта. Рамнотежата на масата се одржува со насобирање на снег врз горната површина и топењето што се случува во долниот дел. Се случува мразот да се насобира и на дното на гребенот.
Поради разликата во густината на водата и ледничкиот мраз, секое парче што плови е издадено само 1⁄9 над водата. Најголеми ледени гребени на светот се Росовиот и Филхнер-Ронеовиот Леден Гребен на Антарктикот.