Брег
From Wikipedia, the free encyclopedia
Брег е граница на копното кајшто почнува голема водна површина како река, езеро, море или океан.[1] Во физичката океанографија,брегот е поширок граничен појас кој претрпел геолошки измени под влијание на водата, додека пак плажа е работ на брегот и го претставува подрачјето на плима и осека (кога го има).[2]
Под крајбрежје се подразбира поширокиот појас помеѓу водата и внатрешноста на копното.
Брегот трпи влијанија од топографијата на теренот околу него, како и ерозијата предизвикана од брановите. Типот на брегот зависи од геолошкиот состав на карпите и почвата.