From Wikipedia, the free encyclopedia
Леандро Даниел Паредес (роден на 29 јуни 1994, во Сан Хусто) — аргентински фудбалер, играч од средниот ред на Јувентус, на заем од Париз Сен Жермен, и на аргентинската репрезентација.
Леандро Паредес | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 29 јуни 1994 | ||
Роден во | Сан Хусто, Аргентина | ||
Држава | Аргентина | ||
Висина | м | 1,80||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Јувентус | ||
Број | 32 | ||
Младинска кариера | |||
Бока Хуниорс | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2010-2015 | Бока Хуниорс | 28 | (5) |
2014 | → Кјево | 1 | (0) |
2014-2017 | Рома | 37 | (4) |
2015-2016 | → Емполи | 33 | (2) |
2017-2019 | Зенит Ст. Петербург | 43 | (7) |
2019- | Париз Сен Жермен | 72 | (2) |
2022- | → Јувентус | 1 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2011 | Аргентина 17 | 1 | (0) |
2017- | Аргентина | 44 | (4) |
* Ажурирано на: 13 мај 2012 ** Ажурирано на: 1 јули 2012 |
Природен деснак, вешт во игра на мал простор, знае како да се справи со финти и двојни додавања (инспириран е од Хуан Роман Рикелме и Зинедин Зидан);[1] тој е добар и во одземање на топки,[2] понатаму поседува одлична контрола над топката и е умешен во давањето асистенции за своите соиграчи или во завршувањето на акциите.[3] Паредес израснал играјќи како офанзивен играч за врска, улога на која што го имал своето деби во Бока Хуниорс, а потоа, по пристигнувањето во Европа, се повлекол поназад од својата дотогашна позиција, играјќи најпрво како играч од средниот ред во линија од три играчи, а подоцна, со доаѓањето во Емполи, под водството на тренерот Марко Џампаоло тој започнува да игра постојано како плејмејкер.[4][5] Добар е во додавањата во длабочина и никогаш да не ја губи топката, но се издвојува по квалитетите во фазата на одбрана и по способноста да игра на тесни простори.[5][6]
Тој се приклучил на младинскиот сектор на Бока Хуниорс на само 8 години,[6] а своето деби за првиот тим го направил на 7 ноември 2011 година, во првенствениот натпревар на домашен терен против Аргентинос Хуниорс. Во сезоната 2012-2013, младиот играч за врска се наметнал во составот на Бока: на крајот од сезоната собрал 20 настапи и 4 гола.
На 29 јануари 2014 година, тој бил позајмен на италијанскиот клуб Кјево Верона;[7] трансферот се одвивал со поддршка на Рома, која откако немала слободни места достапни за играчите кои немаат државјанство на некоја од земјите членките на ЕУ, им дозволила на веронезите да го земат играчот на заем.[8] На 4 мај 2014, дебитирал за „летечките магариња“ во домашниот натпревар против Торино, загубен со 1-0: овој натпревар претставувал негово деби во Серија А, но бил и негов единствен во сезоната со Кјево.[6]
На 19 јули 2014 година, тој отишол на позајмица во Рома, со опција римскиот клуб да го откупи играчот на крајот од сезоната.[9] На 27 септември, тој го направи своето деби за Рома против Хелас Верона, во натпревар добиен со 2-0 од „џалоросите“, појавувајќи се како резерва во второто полувреме на местото на Раџа Наинголан.[10] На 8 февруари 2015, тој го постигнал својот прв гол во Серија А во натпреварот Каљари-Рома 1-2.[11] На 26 февруари, тој го направил своето деби во Лига Европа во Ротердам против Фејенорд, заменувајќи го Франческо Тоти во 83-тата минута од натпреварот што завршил 2-1 за Рома.[12] Првата сезона ја завршил со 13 настапи и 1 гол.[6]
Откупен за 4,5 милиони евра, на 31 август 2015 година, Паредес бил пратен на позајмица во Емполи, со цел да добие повеќе простор за игра во италијанската Серија А.[13] Своето деби во дресот на „аѕурите“ го имал на 13 септември на домашен терен против Наполи, кој завршил 2-2.[14] На 19 септември, еден од неговите голови придонел за победа на гостувањето кај Удинезе, во натпревар кој завршил со победа на тосканците со 2-1.[15] Тој повторно бил стрелец кон крајот на јануари 2016 година, во поразот од 5-1 против Наполи.[16] Позајмицата во Емполи ја завршил со 33 одиграни натпревари и 2 постигнати гола, во кои, почнувајќи од осмото коло, тој бил постојан стартер на позицијата плејмејкер обезбедувајќи добри перформанси.[4][6]
Во следната сезона (2016-2017) тој се вратил во Рома и го имал своето деби во Лигата на шампионите 2016-2017 против Порто во првиот натпревар од плејоф квалификациската рунда на 17 август 2016. На 23 октомври 2016 година, тој постигнал гол од слободен удар против Палермо, со помошта на противничкиот голман Јосип Посавец, во домашната победа со 4-1.[17] Вториот гол во првенството го реализирал на 19 февруари 2017 година, во победата со 4-1 над Торино на Олимпико.[18] Третиот и последен гол во кариерата во Рома го постигнал во победата со 3-1 против Сасуоло на 19 март 2017 година.[19] Вкупно во дресот на Рома одиграл 54 натпревари и постигнал 4 гола.
На 1 јули 2017 година, Паредес потпишал четиригодишен договор со Зенит Санкт Петербург, откако рускиот клуб и исплатил на Рома 23 милиони евра плус уште 4 милиони во бонуси.[20] Дебитирал за Зенит на 16 јули 2017, во победата со 2-0 на гостувањето кај СКА Хабровск. Првиот гол за Зенит го постигнал на 13 август 2017, во победата со 4-0 над Ахмат Грозни на Крестовски. На 7 декември 2017, го постигнал својот прв гол во кариерата во европските натпреварувања, во победата со 3-1 во Шпанија над Реал Сосиедад. Икуството во Русија го завршил со вкупно 61 настап и 10 голови.
На 29 јануари 2019 година, заминал во Париз Сен Жермен за сума од 40 милиони евра плус 5 милиони во бонуси,[21] потпишувајќи четири ипол годишен договор;[22] Тој играл како стартер во втората половина од сезоната 2018-2019, помагајќи му на клубот да го освои француското првенство, но потоа паднал во резерва во текот на следната сезона, за сепак да ја врати стартната позиција во периодот после "локдаунот" заради пандемијата на КОВИД-19; на крајот од истата парижаните стигнале до финалето на Лигата на шампионите, во кое биле поразени од Бајерн Минхен со минимален резултат 1-0, а Паредес го започнал натпреварот и играл до 65-тата минута кога бил заменет од Марко Верати. Претходно, со клубот ги освоил француското првенство,[23] купот (за кој придонел и со еден гол, негов прв за ПСЖ во победата со 2-0 на гостувањето кај третолигашот По) и лига купот во истата сезона.
Во сезоната 2020-2021, Паредес одново го губи местото во стартната постава како резултат на доаѓањето на новото засилување Данило Переира.[5] Од тој момент неговите настапи за клубот постојано се намалуваат, меѓу другото и како резултат на разни повреди со кои се соочувал. Сепак, на 10 април 2021 година, го постигнал својот прв гол во Лига 1 за ПСЖ, од слободен удар, во победата со 4-1 над Стразбур.[24] Во сезоната 2021-2022, тој настапил вкупно на само 22 натпревари поради проблеми со бутниот мускул и потоа со адукторот. На 7 декември го одиграл својот 100-ти натпревар за Париз Сен Жермен во победата со 4-1 над Клуб Бриж во Лигата на шампионите.[25]
На 31 август 2022 година, тој оди на позајмица со право на откуп во Јувентус,[26][27] враќајќи се во Италија по пет сезони. Своето деби со „бјанконерите“ го имал на 3 септември во ремито 1-1 против Фјорентина, во кое направил пенал, но за негова среќа противниците го промашиле.[28][29]
Во 2011 година, Паредес учествувал со аргентинската репрезентација под 17 години на Јужноамериканското првенство за играчи на таа возраст, каде собрал 6 настапи и 2 гола.
Во 2017 година, тој го добил својот прв повик за сениорската репрезентација од страна на селекторот Хорхе Сампаоли во пресрет на пријателскиот натпревар против Сингапур на 13 јуни, добиен од Албисилесте со 6-0 во кој Паредес го постигна својот прв гол за државната репрезентација.[30]
Не бил повикан за Светското првенство 2018,[31] но по завршувањето на тој турнир, станал стартер во средниот ред на репрезентацијата. Бил повикан на Копа Америка 2019,[32] на која аргентинците завршиле како трети, и на Копа Америка 2021 две години подоцна, кога Аргентина ја освоила својата 15-та титула првак на континентот Јужна Америка.[33]
Статистиката е ажурирана на 6 септември 2022.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2011-2012 | Бока Хуниорс | ПД | 4 | 0 | КА | 0 | 0 | КЛ | 0 | 0 | - | - | - | 4 | 0 |
2012-2013 | ПД | 20 | 4 | КА | 1 | 0 | КЛ | 1 | 0 | СА | 1 | 0 | 23 | 4 | |
2013-јан. 2014 | ПД | 4 | 1 | CA | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 4 | 1 | |
Вкупно Бока Хуниорс | 28 | 5 | 1 | 0 | 1 | 0 | 1 | 0 | 31 | 5 | |||||
јан.-јун. 2014 | Кјево | А | 1 | 0 | КИ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 1 | 0 |
2014-2015 | Рома | А | 10 | 1 | КИ | 2 | 0 | ЛШ+ЛЕ | 0+1 | 0 | - | - | - | 13 | 1 |
2015-2016 | Емполи | А | 33 | 2 | КИ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 33 | 2 |
2016-2017 | Рома | A | 27 | 3 | КИ | 4 | 0 | ЛШ+ЛЕ | 2[34]+8 | 0 | - | - | - | 41 | 3 |
Вкупно Рома | 37 | 4 | 6 | 0 | 11 | 0 | - | - | 54 | 4 | |||||
2017-2018 | Зенит | ПЛ | 28 | 4 | КР | 1 | 1 | ЛЕ | 10[35] | 1 | - | - | - | 39 | 6 |
2018-јан. 2019 | ПЛ | 15 | 3 | КР | 0 | 0 | ЛЕ | 7[36] | 1 | - | - | - | 22 | 4 | |
Вкупно Зенит | 43 | 7 | 1 | 1 | 17 | 2 | - | - | 61 | 10 | |||||
јан.-јун. 2019 | Париз Сен Жермен | Л1 | 16 | 0 | КФ+ЛК | 4+0 | 0 | ЛШ | 2 | 0 | - | - | - | 22 | 0 |
2019-2020 | Л1 | 17 | 0 | КФ+ЛК | 5+4 | 1+0 | ЛШ | 6 | 0 | СФ | 1 | 0 | 33 | 1 | |
2020-2021 | Л1 | 21 | 1 | КФ | 6 | 0 | ЛШ | 8 | 0 | СФ | 1 | 0 | 36 | 1 | |
2021-2022 | Л1 | 15 | 1 | КФ | 2 | 0 | ЛШ | 5 | 0 | СФ | 0 | 0 | 22 | 1 | |
авг. 2022 | Л1 | 3 | 0 | КФ | - | - | ЛШ | - | - | СФ | 1 | 0 | 4 | 0 | |
Вкупно Париз Сен Жермен | 72 | 2 | 21 | 1 | 21 | 0 | 3 | 0 | 117 | 3 | |||||
авг. 2022-2023 | Јувентус | А | 1 | 0 | КИ | - | - | ЛШ | 1 | 0 | - | - | - | 2 | 0 |
Вкупно во кариерата | 215 | 20 | 29 | 2 | 51 | 2 | 4 | 0 | 299 | 24 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.