Лажна војна
From Wikipedia, the free encyclopedia
Лажна војна (француски: [Drôle de guerre] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help); германски: [Sitzkrieg] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help)) се однесува на период од осум месеци по почетокот на Втората светската војна, кој се одликувал со само една ограничена воена копнена операција на Западниот фронт, кога француските трупи ја нападнале германската област Сар. Откако Нацистичка Германија извршила инвазија на Полска на 1 септември 1939 година, Обединетото Кралство и Франција ѝ објавиле војна на Германија на 3 септември 1939 година и овој датум се смета за почеток на лажната војна. Лажната војна завршила со германската инвазија на Франција и Ниските Земји (10 мај 1940 година). Иако за време на лажната војна немало големи воени кампањи преземени од Британија и Франција, тие започнале економска војна. Тие создавале детални планови за обемни операции за оневозможување на германските воени напори, меѓу кои отворањето на англофранцускиот фронт на Балканот, инвазијата на Норвешка за да преземат контрола врз главниот извор на железна руда во Германија и напад на Советскиот Сојуз, за да го прекинат снабдувањето со нафта за Германија.[1]
Привидниот мир во Лажната војна бил прекинуван со неколку сојузнички акции. Во Сарската офанзива во септември, Французите ја нападнале Германија со намера да ѝ помогнат на Полска, но офанзивата била неуспешна и за неколку дена тие се повлекле. Во ноември, Советите ја нападнале Финска по што започнала Зимската војна, а Франција и Британија размислувале за офанзива со која ќе ѝ помогнат на Финска, но акцијата на собраните трупи за оваа кампања била одложена за март а пред тоа војната веќе завршила. Германија била загрижена за сојузничките планови за Скандинавската кампања и и затоа во април се одлучила да ги нападне Данска и Норвешка, а сојузничките трупи кои претходно биле регрутирани за Финска биле преупатени за Норвешка. Борбите се воделе до јуни кога сојузниците се повлекле и ѝ ја отстапиле Норвешка на Германија.
Од Германска страна биле извршени неколку поморски напади против британските носачи на авиони и уништувачи и успеале да потонат неколку од нив. Воздушните акции започнале на 16 октомври 1939 година кога Луфтвафе започнал со напади врз британски воени бродови.