Луфтвафе
From Wikipedia, the free encyclopedia
Луфтвафе (германски:Luftwaffe) било името на военото воздухопловство на германскиот Вермахт пред и за време на Втората светска војна. Военото воздухопловство на Германското Царство (Луфтштрајткрефте) било распуштено во мај 1920 година според одредбите од Версајскиот договор од 1919 година, според кои на Германија ѝ се забранува да поседува воздушни сили.
Луфтвафе | |
---|---|
Luftwaffe | |
Амблем на Луфтвафе (варијанта) | |
Активна | 1933–1946[2] |
Земја | Трет Рајх |
Припадност | Адолф Хитлер |
Вид | Воено воздухопловство |
Улога | Воздухопловно војување |
Големина | Воздухоплови 119,871[3] (вкупно производство) Персонал 3,400,000 (вкупно во служба во периодот: 1939–45)[4] |
Дел од | Вермахт |
Битки | Шпанска граѓанска војна Втора светска војна |
Команданти | |
Врховен командант на Луфтвафе | Види список |
Инспектор на ловци | Види список |
Инспектор на бомбардери | Види список |
Истакнати команданти | Херман Геринг
Алберт Каселринг Ритер фон Грајм |
Обележја | |
Балкенкројц (за на трупот на авионот и под крилата)[5] | |
Балкенкројц (згора врз крилата)[6] | |
Хакенкројц (на опашката 1939–1945, белата бордура била тргната подоцна во војната)[7] |
Со доаѓањето на нацистичката партија на власт (во 1933 година) и отфрлањето на Версајскиот договор, на 26 февруари 1935 било објавено постоењето на Луфтвафе, две недели пред отворено да се отфрли Версајскиот договор со објавувањето повторно вооружување на Германија и регрутирање на војска (16 март 1935).[8] Легијата Кондор, одред на Луфтвафе, кој бил испратен да им помогне на националистичките сили во Шпанската граѓанска војна, им обезбедил на силите полигон за тестирање за нови тактики и авиони. Делумно како резултат на ова борбено искуство, Луфтвафе станал еден од најсофистицираните, технолошки најнапредните и најискусни во борбени воздухопловни сили во светот кога избувнала Втората светска војна во 1939 година.[9]
По поразот на Германија, Луфтвафе бил распуштен во 1946 година. Луфтвафе имал само двајца врховни команданти во текот на својата историја: Херман Геринг и подоцна генералфелдмаршал Роберт Ритер фон Грејм во последните две недели од војната.
Луфтвафе бил вклучен во нацистичките воени злосторства. До крајот на војната, голем процент од произведените авиони потекнувале од концентрационите логори, индустрија која вработувала десетици илјади затвореници..Побарувачката на труд за потребите на Луфтвафе била една од причините за протерување и убиство на стотици илјади унгарски Евреи во 1944 година. Оберкомандо дер Луфтвафе (врховниот командант) вршел нацистички експерименти со луѓе, а копнените трупи на Луфтвафе извршиле масакри во Италија, Грција и Полска.