From Wikipedia, the free encyclopedia
Економска војна или економско војување е економска стратегија што ја користат завојуваните страни со цел да ја ослабат економијата на противникот. Тоа најчесто се постигнува преку воведување на економски блокади.[1] Уништувањето на житните култури на непријателот е традиционален метод, кој се користи илјадници години.
Војна Воена историја по доба |
---|
Епохи
Борилишта
Организација
Логистика
Списоци
|
Во воените операции, економското војување има за цел да се оневозможи непријателот непречено да користи ресурси кои би му помогнале во развивањето на воениот потенцијал.[2]
Концептот на економско војување најчесто се применува во тотална војна, која покрај вооружените сили на непријател ја опфаќа и неговата воена економија. Ако се нанесе штета на економијата на непријателот се намалува неговата способност да води војна. Со методите на палење на територијата која наскоро ќе ја освои непријателот, му се ускратуваат ресурсите на непријателот по нејзиното освојување.
Најчести политики и мерки во економското војување се: ембарго, блокада, ставање на црна листа, преклузивно купување, награди и заземање или контрола на непријателските ресурси или ланци за снабдување.[3] Политиките како: царинска дискриминација, санкции, престанување со економската помош, замрзнување на основни средства и капитал, забрана за инвестирање и други текови на капитал и експропријација,[4] се сметаат за економска војна дури и без вооружен конфликт.
Во својата Книга за закрепнувањето на Светата земја, Фидентиј од Падова опишува како треба да се води економска војна против Мамелучкиот Султанат во Египет за да продолжат крстоносните војни. Тој предвидува флота од 40-50 галии да ја блокира трговијата меѓу Европа и Египет затоа што со неа Египет од Европа добива воен материјал (железо, калај, дрво, нафта) а од Азија пари за стоките од Европа. Така Египет нема да може да носи војници робови од околината на Црното Море.[5]
Британците ја искористиле својата супериорна Кралска морнарица за блокада на Германија. Германија не можеше да обезбеди доволно храна бидејќи нејзините помлади фармери биле во армијата, а очајните Германци почнале да јадат репа од зимата 1916-1917 година.[6][7]
За време на Втората светска војна сојузничките сили примениле политики за да ги лишат економиите на Оската од значајните ресурси. Британската кралска морнарица повторно ја блокирала Германија иако со многу потешко од блокадата во 1914 година [8] Американската морнарица, и нејзините подморници, ги прекинале испораките на нафта и храна за Јапонија.
За возврат, Германија се обидела да ги потони транспортните бродови на сојузниците кои превезувале стока, суровини и основни воени ставки, како храна и нафта.[9]
За време на Малајската вонредна состојба (1948-1960), британската војска со хербициди и дефолианти ги уништувала полињата со земјоделски култури, за бунтовниците од Малајската национална ослободителна армија (MNLA) да немаат храна и да излезат од џунглата. Исти средства користела американската војска за време на Виетнамската војна.[10]
На 17 ноември 1953 година, грчката национална разузнавачка служба (KYP) предложила данична контрола за комунистичките издавачи на книги и киносопственици, цензурирање на советските филмови и промовирање на советски филмови со особено низок квалитет. Целта било да се наруши имиџот на Советскиот Сојуз.[11]
Друштвото на народите предвидувало воени и економски санкции против државите-агресори, а идејата за економски санкции се сметала за голема иновација.[12] Сепак, економските санкции без воена интервенција не ја одвратиле Италија да ја освои Абисинија.
Во 1973-1974 година, арапските нации вовеле ембарго на нафта против Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство, Канада, Јужна Африка, Јапонија и други индустриски развиени земји кои го поддржувале Израел за време на Јомкипурската војна во октомври 1973 година. Како резултат на тоа настанала нафтената криза од 1973 година и наглиот пораст на цените,[13] но не и крај на поддршката за Израел.
САД вовеле многу санкции од средината на 20 век.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.