Кучкарево
село во Општина Куманово From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Куманово From Wikipedia, the free encyclopedia
Кучкарево — село во Општина Куманово, во областа Овче Поле, во околината на градот Куманово.
Кучкарево | |
Воздушен поглед на селото Кучкарево | |
Координати 42°2′3″N 21°51′38″E | |
Регион | Североисточен |
Општина | Куманово |
Област | Овче Поле |
Население | 80 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1305 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 17054 |
Надм. вис. | 420 м |
Кучкарево на општинската карта Атарот на Кучкарево во рамките на општината | |
Кучкарево на Ризницата |
Селото се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Куманово, недалеку од патот Куманово-Свети Николе.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 420 метри. Од градот Куманово, селото е оддалечено 22 километри.[2] Селото се наоѓа во северното подножје на Градиштанска Планина.
До самото село води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1204 кај селото Скачковце.
Селото се наоѓа во сува долина, десно од патот Куманово-Свети Николе. Околни села се Градиште на исток, Скачковце на запад и Габреш на југ. Мештаните во минатото водата за пиење ја добивале од слаби извори и од бунари.[3]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Кашла, Лука, Авлии, Старо Трло, Рамниште, Пералиште, Горно Нивче, Габрешка Лука, Ан, Гробче и Стари Лозја.[3]
Поради својата местоположба, селото е издолжено во насока југ-север. Не е поделено на маала, туку се разликуваат само групи на роднински куќи како Ќеневска, Спасовска, Паланчани и други.[3]
Подрачјето на Кучкарево е населено уште од средниот век, за што сведочи наоѓалиштето Гробишта на јужниот раб од селото.[4]
На местото на Кучкарево има остатоци на стара населба, па така денешните мештани ископувале гробови, темели од куќи и камени крстови.[3]
По народната традиција, земјиштето на ова село припаѓало на Градишкиот манастир „Св. Ѓорѓи“, кој тука имал свој пчеларник. Таа манастирска земја подоцна ја присвоиле Турците, кои го основале денешното Кучкарево. Ова се случило околу 1810 година, така што прво се доселил македонскиот род Ѓеневци.[3]
Атарот на селото зафаќа простор од 7,1 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 325 хектари, на обработливите површини отпаѓаат 283 хектари, а на пасиштата 117 хектари.[2]
Во основа, селото има полјоделска функција.[2]
До 1912 година, во селото постоеле два чифлици и сите селани работеле на туѓа земја. Едниот сопственик на чифлигот живеел во Куманово, додека другиот живеел во Кратово. По ослободувањето, земјата дел била купена, а дел ја добиле со аграрната реформа. На купената земја се доселиле и нови доселеници од Орашац и од околината на Крива Паланка.[3]
Помеѓу Кучкарево и Скачковце во долината се наоѓа месноста Ан, каде порано постоел ан за минувачите на стариот патен правец Куманово-Скачковце-Колицко-Малино-Сопот-Свети Николе, наречен уште и „Винарски пат“. На местото на анот во 1935 година, Чехот Фрањо изградил млин за неговата пиварница во Куманово, но денес (1971 г.) е напуштен.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кучкарево живееле 84 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кучкарево имало 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[7]
Кучкарево е мало село, коешто во 1961 година броело 290 жители, а во 1994 година 165 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Кучкарево живееле 105 жители, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 80 жители, од кои 78 Македонци и 2 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 84 | 120 | 191 | 222 | 290 | 298 | 222 | 160 | 165 | 105 | 80 |
Кучкарево е македонско село.[3]
Според истражувањата од 1971 година, родови во селото се:
До 1970 година немало иселување од селото, но потоа населението почнало да се иселува по градовите.[3]
Кон крајот на XIX век, Кучкарево било село во Кумановската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Куманово, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Орашац.
Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Куманово. Селото припаѓало на некогашната општина Орашац во периодот од 1955 до 1962 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Павлешенци, во која покрај селото Кучкарево, се наоѓале и селата Габреш, Градиште, Горно Ѓуѓанци, Долно Ѓуѓанци, Кокошиње, Кутлибег, К’шање, Павлешенци, Пезово, Стањевци и Строиманци. Селото припаѓало на некогашната Општина Градиште во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Габреш, Градиште, К’шање, Кутлибег, Кучкарево и Пезово.
Во селото постои избирачкото место бр. 1136 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]
На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 67 гласачи.[15]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.