From Wikipedia, the free encyclopedia
Ким Карнс (англ: Kim Carnes; родена на 20 јули 1945) — американска пејачка и текстописец од Лос Анџелес. Својата кариера ја започнала во 1960-тите кога пишувала песни за други музичари, и истовремено пеела во локални клубови и била сесиска пејачка на познатите Water Sisters.
Ким Карнс | |
---|---|
Ким Карнс на настап во 1981 | |
Животописни податоци | |
Роден(а) | 20 јули 1945 Лос Анџелес, САД |
Жанрови | |
Занимања |
|
Период на активност | 1962–денес |
Издавачи |
|
Мреж. место | kimcarnes.com |
На американската музичка сцена, Ким Карнс се пробила откако заедно со Кени Роџерс ги напишала песните за неговиот концептен албум Gideon (1980) и со нивниот дует „Don't Fall in Love with a Dreamer“. Песната се искачила на 4 место на Билборд Хот 100, а тие двајцата биле номинирани за Греми награда. Ким се здобила со светска популарност по објавувањето на песната „Bette Davis Eyes“. Песната била на врвот на топ-листите во преку 30 држави. Станала најпродаван сингл во САД за 1981 година, и следната година ги освоила Греми наградите за запис на годината и за песна на годината.
Нејзиниот специфичен и рапав глас често бил споредуван со оној на Род Стјуарт.[4][5] Ким Карнс денес живее во Нешвил и сѐ уште се занимава со пишување музика.
Ким Карнс е родена на 20 јули 1945 година во Лос Анџелес.[3][6] Детството го поминала во Пасадена.
Ким Карнес од 1966 до 1970 година била член на фолк-ансамблот New Christy Minstrels, во кој членувале и музичари како Кени Роџерс, Џон Денвер, Бери Мекгваер, Џин Кларк (од The Byrds) и Лери Рамос (The Association). Во ансамблот се спријателила со Кени Роџерс, и исто така со нејзиниот иден сопруг и повремен партнер во пишување песни Дејв Елингсон,[7] со кого се омажила на 25 ноември 1967 година и со кого има два сина.[8]
Истата година, Карнес неуспешно се обидела да влезе во филмските води: Ајде да живееме малку (C'mon, Let's Live a Little), таа глумела заедно со други музичари како Боби Ви и Џеки Де Шенон. Во 1971 година, Карнс придонела за саундтракот на хит-филмот „Точка на исчезнување“ (анг: Vanishing Point); имено таа ја напишала песната „Sing Out for Jesus“ а на саундтракот ја пее Биг Мама Торнтон.[9] За филмот, Ким Карнс во дует со нејзиниот споруг Дејв Елингсон, ја испеала и песната Nobody Knows, компонирана од Мајк Сетл.[10] Веднаш бил забележан впечатливиот, карактеристично „порозен глас“ на Карнс, кој бил споредуван со гласот на Род Стјуарт (а во подоцнежните години и со оној на Бони Тајлер).[11]
Саундтрак-албумот на Точка на исчезнување бил издаден од издавачката куќа Amos, која потпишала договор со Карнс во 1971 година и го издала нејзиниот прв албум Rest on Me.[12] Албумот содржел само две оригинални композиции (I Won't Call You Back и Fell in Love with a Poet ), како и песни од Bee Gees (To Love Somebody). Албумот го продуцирал директорот на Amos, Џими Боуен, кој претходно имал успеси со Семи Дејвис, а подоцна, пред сè, со кантри кралицата Риба Мекентајр. Сепак, Rest on Me не бил успешен и Карнс морала да почека неколку години за да сними нов албум. Ким и понатаму била барана како текстописец: напишала песни за Дејвид Кесиди, БВ Стивенсон и Френк Синатра.За Синатра, таа и нејзиниот сопруг ја напишале песната You Turned My World Around (1974).
Во 1975 година Ким потпишала нов договор за снимање со A&M. Следните два албума: Kim Carnes (1975) и Sailin (1976) имале забележителен успех. Една песна од нејзиниот трет албум Sailin', „Love Comes from Unexpected Places“, освоила гран-при награда на Фестивалот на американска песна во 1976 година. Песната исто така добила награда за најдобра композиција на Фестивалот за песна во Токио. Песната уште повеќе се популаризирала откако Барбра Стрејсенд ја снимила за нејзиниот албум Superman од 1977 година.
Во 1978 година таа станала прв музичар кој потпишал договор со новоотворената издавачка куќа ЕМИ-Америка. Карнс за прв пат се пласирала во Топ-40 во 1978 година откако во дует со Џин Котон ја отпеала „You're a Part of Me“, која стигнала до 36-то место на Billboard Hot 100.
Во 1980 година, нејзиниот дует со Кени Роџерс „Don't Fall in Love with a Dreamer“ станал голем хит на топ-листите за поп (бр. 4), кантри (бр. 3) и за современи возрасни (бр. 2).[3] Подоцна истата година, нејзината преработка на песната од Smokey Robinson & The Miracles „More Love“ станала прва нејзина песна во топ-10 (број 10 на поп-листата и број шест на топ-листата за современи возрасни).[3] Робинсон бил преимпресиониран од успехот на Карнс со песната и подоцна за неа ја напишал и ја компонирал „Being with You“.[13] Во 1981 година, Карнес пеела придружни вокали на албумот од Дион Ворвик, No Night So Long.[14]
Ким Карнс, светска слава стекнала со песната Bette Davis Eyes од 1981 година. Тоа било преработка на песната која Џеки Дешенон ја напишала во 1974 година и го објавила на нејзиниот албум New Arrangement. Како прв сингл од албумот Mistaken Identity, песната девет недели била на прво место на американските топ-листи и станала светски хит; песната била на прво место на топ-листите во над 30 држави. Поради успехот на песната, и албумот четири недели бил на прво место на Билборд 200. Билборд ја прогласил за песна на годината за 1981 година,[3] и ја рангирал на второ место (зад „Physical“ од Оливија Њутн-Џон) на списокот од најголеми хитови во 1980-тите во САД. Во 1982 година песната ги добила Гремиевите награди Запис на годината и Песна на годината. Ким била номинирана за најдобра поп-пејачка, а Mistaken Identity исто така бил номиниран за албум на годината.
По оваа песна Ким Карнс имала уште неколку топ-40 хитови како: Draw of the Cards (1981), Voyeur, Does It Make You Remember (1982), Invisible Hands (1983), What About Me (1984, со Џејмс Инграм и Кени Роџерс) и Crazy in the Night (Barking at Airplanes) (1985). Во 1988 година, таа се свртела кон кантри-музиката и го објавила View from the House.
Во јуни 2004 година, по пауза од неколку години, Ким го објавила нејзиниот (до сега) последен студиски албум, Chasin' Wild Trains.
Ким Карнс денес живее во Нешвил со сопругот Дејв Елингсон (1967-денес).[15] Тие имаат два сина, Колин и Рај.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.