From Wikipedia, the free encyclopedia
Мари Дион Ворвик (англиски: Dionne Warwick; [1] родена на 12 декември 1940) е американска пејачка, актерка и телевизиска водителка.
Дион Ворвик | |
---|---|
Дион Ворвик во 2021 | |
Роден(а) | Мари Дион Ворвик 12 декември 1940 Ист Оринџ, Њу Јерси, САД |
Занимање |
|
Активен период | 1955–денес |
Сопружник | Вилијам Елиот (в. 1966; раз. 1967)(в. 1967; раз. 1975) |
Деца | 2 |
Роднини | Ди Ди Ворвик (сестра) Сиси Хјустон (тетка по мајка) Витни Хјустон (прва братучетка) Гери Гарланд Боби Кристина Браун Леонтина Прајс |
Ворвик е рангирана меѓу 40-те најголеми американски хит пејачи во периодот од 1955 до 1999 година, врз основа на пласманот на нејзините песни на Билбордовиот Hot 100. Таа се наоѓа на второ место на листата на пејачки од рок ерата (1955-1999). Таа, исто така, е една од најпознатите вокали на сите времиња, а во периодот од 1962 до 1998 година 56 нејзини песни се нашле на Hot 100 листата (12 од нив на Топ десет), и вкупно 80 песни - соло или во соработка - на Hot 100., R&B или adult contemporary листата.[2] [3] Дион се наоѓа на 74-то место на Билбордовата листа „Најдобри уметници на сите времиња“.
Во текот на својата кариера, Ворвик продала преку 100 милиони плочи ширум светот и има освоено бројни награди, меѓу кои и шест Греми награди. Ворвик има своја ѕвезда на Булеварот на славата во Холивуд, а примена е и во Гремиевата куќа на славните, Куќата на славните од R&B музиката и Патеката на славата крај театарот Аполо. Во 2019 година, Дион Ворвик ја освоила наградата Греми за животно дело. Три нејзини песни („Walk On By“, „Alfie“ и „Don't Make Me Over“) се примени во Гремиевата куќа на славата. Таа е поранешен амбасадор на добра волја на Организацијата за храна и земјоделство на ОН.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.