![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/71/2010-kodiak-bear-1.jpg/640px-2010-kodiak-bear-1.jpg&w=640&q=50)
Кафеава мечка
вид мечка која може да се најде во Европа и Северна Америка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Кафеавата мечка (Ursus arctos) е сештојаден цицач од семејството мечки, распространет во северна Евроазија и Северна Америка. Тежи помеѓу 100 и 700 кг и подвидот кодијак, заедно со белата мечка, спаѓа во групата на најголеми земски месојади. Иако овој вид се соочува со истребување на месни населенија сепак, со вкупна население до 200,000 единки не се смета за загрозен вид. Најмногу се среќавани во Русија, САД (поготово Алјаска), Канада и Финска (каде кафеавата мечка е национално животно). Овој вид најмногу се храни со храна од растително потекло, корења и габи. Рибите им се главен извор на месо, но јадат и помали цицачи. Возрасна кафеава мечка нема сериозна конкуренција од другите грабливци и лесно може да се спротивстави на волци и големи мачки од типот на пумата.
Кафеава мечка | |
---|---|
![]() | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Цицачи |
Ред: | Ѕверови |
Семејство: | Mечки |
Род: | Мечка |
Научен назив | |
Ursus arctos Линеј, 1758 | |
![]() | |
Распространетост на кафеавата мечка |
Животното во Македонија најзастапено е претежно во планинските области од западниот, средниот и јужниот дел на земјата, а повремено се јавува и во источните краишта. Бројната состојба е значајно подобрена во последните години, од 151 единка во 2010 на 471 единка во 2014 г.[2]