Мечка
семејство цицачи / From Wikipedia, the free encyclopedia
Мечките (науч. Ursidae) — семејство на цицачи кои се одликуваат со големо тело, моќни екстремитети, густо крзно и кратка опашка. Мечките живеат во Северна Америка, Јужна Америка, Европа и Азија, каде опстојуваат на различни живеалишта, како планини, шуми и арктичка дивина. Во текот на минатиот век, популациите од мечки се намалени поради нивниот интензивен лов и нарушување на нивната животна средина.
Мечки Период: ран миоцен - денес | |
---|---|
Кафеава мечка (Ursus arctos) | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Цицачи |
Ред: | Ѕверови |
Семејство: | Мечки фон Валдхајм, 1817 |
Родови | |
Ailuropoda |
Сите мечки, со исклучок на некои популации од очилни и сончеви мечки, живеат северно од екваторот. Мечките денес не можат да се најдат во Африка, Австралија или Антарктикот. Сите мечки делат слична анатомија, но поедини видови варираат во големина, исхрана и вид на живеалиште. На пример, белите мечки живеат во смрзнатата арктичка дивина, каде се хранат главно со фоки, додека сончевите мечки живеат во азиските дождовни шуми и се хранат со инсекти, овошја, ореви и мали животинки. Со тежина од преку 800 кг, белите мечки можат да израснат 12 пати поголеми отколку нивните помали роднини, сончевите мечки, кои ретко надминуваат 66 кг.