Катакомби се стари подземни премини кои луѓето во минатото ги користеле за заштита како засолништа, како и за погребувања.[1] Секоја просторија која се користи за погребување може да се нарече катакомба, но зборот најчесто се користи во однос на Римското Царство.[2] Многу од нив се наоѓаат под градови, а за нив се расчуло преку приказни за нивното користење како воени засолништа, скривници на криумчари или места каде се состанувале култови.

Thumb
Поворка во катакомбите Свети Каликст (San Callistus) во Рим.

Потекло на поимот

Првото место за кое бил употребен зборот катакомби беа подземните гробници меѓу 2-от и 3-от милјоказ (граничен камен) на Виа Апија во Рим, каде што се верувало дека меѓу другите, се закопани и телата на апостолите Петар и Павле. Латинското име на тоа место е catacumbae. Ова е збор од непознато потекло, можеби изведен од нечие лично име, или пак, видоизменета верзија на латинскиот израз cata tumbas, што во превод значи меѓу гробници. Првовремено, зборот се однесувал само на римските катакомби, но до 1836 г. неговото значење беше проширено на сите подземни места каде имало мртовци, како што е случајот со катакомбите во Париз од 18-от век.

Низ светот

Thumb
Катакомби во Свети Себастијан (Saint Sebastian) - Рим
Thumb
Детали од влезот во римските катакомби
Thumb
Катакомби во Париз

Големи и значајни катакомби:

Исто така гробници налик на катакомби постојат и во: Мала Азија во Турција, Сус (Sousse) во Северна Африка, Неапол во Италија, Сиракуза во Италија, Трир во Германија, Киев и др. Капуцинерските катакомби во Палермо, Сицилија (капуцинери - монашки ред) се користеа дури до 1920-те години. Имаше достапни катакомби во некои од поголемите англиски гробишта создадени во 19-от век како на пример: Шефилд Џенерал Семетери (Sheffield General Cemetery) (надземни гробишта) и Вест Норвуд Семетери (West Norwood Cemetery) (подземни гробишта). Има катакомби и во Бугарија во близина на манастирот Аладжа, како и во Букурешт, Романија каде се претставени како средновековни подземни ходници.[4]

Во Русија и Украина зборот катакомба, освен основното значење, се однесува и на мрежата од напуштени пештери и тунели каде порано се копало руда, особено варовник. Вакви катакомби има во Крим и низ црноморското крајбрежје во овие две земји. Најпознати се катакомбите Одеса и Ајимушкај во Крим, Украина. За време на раното христијанство верниците вршеа богослужби во овие пештери со цел да се заштитат, но и од стравопочит кон мртвите. Подоцна, тие служеле како војнички бази на советските герилци за време на Втората светска војна. Катакомбите Ајимушкај собираа околу 10.000 борци и бегалци. Многумина од нив таму починаа и таму беа закопани, а по некое време на ова место беа изградени музеи и спомен-плочи (сегашна територија на градот Керч).

Украси во катакомбите

Иако катакомбите се најпознати поради подземните премини и гробниците, сепак тие содржат и многу украси. Нив ги има илјадници во со векови старите катакомби во Рим, Париз и други откриени и неоткриени катакомби. Некои од тие украси се: написи, цртежи, статуи, како и накит кој низ годините бил ставан во гробовите. Најголемиот дел од овие украси се користеа за да се идентификуваат, овековечат и испочитуваат мртвите.

Написи

Иако илјадници написи со текот на времето се изгубија, тие сепак служат како показатели на социјалната или работната положба на жителите. Повеќето од нив прикажуваат колку вљубен бил некој пар, љубовта на родителите и сл.

Цртежи

Цртежи можат да се видат насекаде по ѕидовите и таваните на гробниците. Цртежите ги пренесуваат истите мисли како и написите пронајдени низ катакомбите.

Исто така погледни

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.