Катакомбите на Рим (италијански: Catacombe di Roma) се антички катакомби, или подземни погребални места под или во близина на Рим, Италија, чиј број изнесува најмалку четириесет. Првото место за кое бил употребен зборот катакомби биле подземните гробници меѓу 2-от и 3-от милјоказ (граничен камен) на Виа Апија во Рим, каде што се верувало дека меѓу другите, се закопани и телата на апостолите Петар и Павле. Иако катакомбите се христијански, сепак паганскиот и еврејскиот начин на погребување бил застапен, според истражувањето на археолозите. Катакомбите датираат од 2 век.

Детали од влезот во римските катакомби

Во минатото, научниците сметале дека катакомбите биле користени главно за погреби на прогонетите христијани кои тајно ги закопувале телата на своите блиски. Сепак овој мит излегло дека не бил сосема точен бидејќи во истите лежеле телата на голем број пагани, чија религија не била забранета.

Во христијанските катакомби гробовите (loculi) биле паралелни со галериите, додека во паганските подрачја тие биле поставувани под прави агли. Во катакомбите во Рим се наоѓаат илјадници гробови, од кои секој содржи од едно до четири тела. Саркофазите се мошне ретки. Гробовите се затворени со насликани мермерни плочи наредени до ѕидовите на галериите. Некои од тие слики се најрани примери на христијанската уметност. Главниот период на катакомбите е 3 век и 4 век. Веќе во времето на Јероним (околу 360 година) ископувањето не било вообичаено, а кога Аларих (визиготски крал) го разурнал Рим во 410 година, погребувањето во катакомби било практично напуштено. Во текот на ископувањата, во градот Рим биле пронајдени најмалку шест еврејски катакомби. Тие потсетуваат на христијанските, само што немаат големи одаи за народни собири.

Некои научници погрешно верувале дека катакомбите на св. Себастијан во Рим означуваат место на кое се погребани Свети Петар и Свети Павле. По половина век истражување, се докажало дека култот на овие двајца апостоли тука навистина постоел околу 260 година од н.е., а можеби и околу 200 година од н.е., но не бил изнесен ниеден доказ дека овие апостоли првобитно биле тука погребани или дека нивните коски тука биле пренесени по погрбувањето на некое друго место.

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.