From Wikipedia, the free encyclopedia
Источна Азија е регион во Азија. Површината на источна Азија зафаќа 12,000,000 км2. Во Источна Азија, главно, се вбројуваат териториите што спаѓаат во тихоокеанското сливно подрачје, односно просторот кој е органичен со високите планини Хималаи, Памир, Алтај, Јаблановските Планини и реката Амур. Во Источна Азија се наоѓаат териториите на НР Кина (Хонгконг, Макао), Монголија, Народна Демократска Република Кореја (Северна), Република Кореја (Јужна), Јапонија и Тајван.
Држава | Главен град | Површина(км2) | Население(ООН, 2009) |
---|---|---|---|
Кина | Пекинг | 9 806 400 | 1 331 115 200 |
Тајван | Тајпеј | 35 870 | 23 027 672 |
Монголија | Улан Батор | 1 564 200 | 2 671 000 |
Јужна Кореја | Сеул | 100 032 | 48 379392 |
Северна Кореја | Пјонгјанг | 120 540 | 24 051 218 |
Јапонија | Токио | 377 800 | 127 580 000 |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Површина | 11,839,074 км2[1] |
---|---|
Население | 1,555,784,500[2] |
Density | 131 per км2 |
Држави и територии | Кина Хонгконг Јапонија Макао Монголија Демократска Народна Република Кореја Република Кореја Тајван |
Јазици | Кинески јазик, Јапонски јазик, Корејски јазик, Монголски јазик |
Главни градови | Пекинг Пјонгјанг Сеул Тајпеј Токио Улан Батор |
Големите нарушувања на природните и антропогените објекти на Земјината површина под уривачкото дејство на вулканите, земјотресите, морските бранови, поплавите, пожарите, лавините и др. се нарекуваат природни катастрофи. Источна Азија е една од териториите на Земјата што се одликува со појави на различни природни несреќи. Главна причина се тектонските движења и судири што се случуваат меѓу евроазиското копно и тихоокеанската и филипинската литосферна плоча. Таа, Источно од Јапонските и Филипинските Острови навлегува под евроазиската копнена плоча, така што долг длабокометарски ров се протега од Камчатка до Малајскиот Архипелаг. Судирот на двете плочи по должината на овој ров предизвикува многубројни земјотреси и вулкани. Токму затоа, овој појас се нарекува „Огнен појас“. Бројот на земјотреси во текот на годината е околу 1000, но голем дел од нив се слави и луѓето не ги чувствуваат. Меѓутоа, има и такви што предизвикуваат големи разурнувања и човечки жртви. Такви се, на пример, земјотресот од 1923год. во близина на Токио, кога загинаа повеќе од 150 000 луѓе и земјотресот од 1995год. во близина на градот Кобе и кога загинаа повеќе од 5 000 луѓе. Земјотресите ги проучува посебна научна дисциплина наречена сеизмологија, а се мерат со инструменти наречени сеизмографи. На линијата на „Огнениот појас“ се наоѓаат поголем број живи вулкани. Дел од нив се наоѓаат на копното, како: Фуџи во Јапонија, Клучевскаја Сопка на Камчатка и др. а дел се случуваат подводно. Вулканстака активност во овој појас е главна во овликувањето и создавањето на голем број острови. Подводните земјотреси и вулкани се основните фактори за предизвикување на разорни морски бранови, познати под името цунами. Тие на морската површина се незабележливи, но како повеѓеслојни бранови до бреговите стигнуваат како големи бранови и до 30м височина, и предизвикуваат огромни материјални штети и човечки жртви. Поради земјотре, такво цунами се случило во 2004год, кога загинаа околу 200 000 луѓе. Поради различните воздушни притисоци - над азиското копно од една и над тихоокеанските пространства од ругата страна - кон вреговите на Источна азија, особено во летниот период од годината, дуваат мошне силни ветрови наречени тајфуни. Тие предизвикуваат бранови со разорна моќ. Со себе носат обилни количества врнежи, стигнувајќи над низините на Источна Азија, предизвикуваат излевање на поголемите реки и поплавуваат огромни територии. Така се предизвикуваат големи материјални штети во земјоделството и на имотот на населението. Поради височината на планинските масиви и присуството на снежни маси често доаѓа до одронување на лавини, меѓутоа, тие главо не се опасност за луѓето бидејќи се случуваат во ненаселени области. На индонезиските и на Филипинските Острови поради обилни врнежи често се случува лизгање на земјиштето и уништување на цели населби.
Територијата на Источна Азија е една од најнаселените во светот. Во источните делови на Кина, поточно во Кинеската Низина, во Манџурија, на Корејскиот Полуостров и во Јапонија жиеват повеќе од 1,6 милијарди луѓе.
Верска припадност
Според верската припадност, населението во Источна Азија, главно, ги исповеда учењата на конфуцијанството, будизмот и таоизмот. Така, на пример, на конфуцијанството во Кина припаѓаат околу 90% од населението, на будистите во Кина припаѓаат само 5%, Во Јужна Кореја околу 50%, во Монголија повеќе од 90%. Во Јапонија околу 80% од населението истовремено се приврзаници на шинтоаизмот и будизмот. На островот Тајван преовладуваат приврзаниците и на Конфуцијанството и на будизмот, а околу 20% припаѓаат на таоизмот. Карактеристично е тоа што во Јужна Кореја повеќе од 40% се христијани, претежно со протестанска и католичка вероисповед, додека пак во Северна Кореја луѓето официјално се нерелигиозни, а неофицијално исповедаат будизам, христијанство и шаманизам.
Јазици
Јазиците што се зборуваат во Источна Азија спаѓаат во јазицичните семејства: кинеско-тибетско, тунгуско-манџурско и монголско. Многубројното население на голем број народи зборува различни јазици со многу дијалекти. Во Кина и во Тајван е застапен кинескиот јазик со повеќе дијалекти. Се користи кинеско хиероглифско писмо. Во Монголија службен јазик е монголскиот со кирилица од 1945 година, а во најново време е вратено старомонголското писмо кое датира од 13век. На Корејскиот Полуостров, во двете држави се зборува корејски и се користи посебно корејско писмо. Во Јапонија населението користи јапонски јазик и посебно јапонско писмо.
Култура и обичаи
Народите од Источна Азија, кои во основа се групираат како Кинези, Јапонци, Корејци и Монголци, се одликуваат со посебна култура која во голема мера се потпира на долговековната традиција. Тоа се однесува и на верата, на образованието и во сферата на уметноста и архитектурата. Ваквте традиции се потпираат на секојдневниот живот и на работата на населението кое сè уште во голем број живее во селска средина. Меѓутоа, со индустрискиот развој населението сè повеќе се населува во големите градови каде што неминовно започнуваат општествени и културни промени. Сè поголем е трансферот од номадско-арскиот систем на живеење и обичани кон стационарно земјоделско стопанисување кое многу брзо се преориентира кон секундарните стопански гранки, така што во процесот на т.н. брзо живеење во градовите настануваат промени во обичаите. Доследноста на луѓето е посебна вредност, како, на пример, точноста на движењето на возовите во Јапонија, која се мери во секунди.
Источна Азија зафаќа релативно голема територија. На неа се развиле неколку народи кои оформиле свои држави. Такви се Кина, Јапонија и Кореја. Сите држави се со голем број жители, особено Кина, на чија територија се сместени повеќе од 1,6 милијарди луѓе. Проблемот на обезбедување храна за опстанок на населението е основна причина за одликите на семејството, културата, традицијата на населението од Југоисточна Азија. До неодамна, претежно екстензивниот развој и начин на живеење на населението, главно разместено во селските средини во потрага по работна сила, при мошне есктензивниот начин на земјоделско сопанисување се сметало дека излезот е во големиот број члениво во семејството. Од друга страна, релативно ниското ниво на образование придонесува за голем природен прираст на населението во Источна Азија. Големите проблеми, кои се присутни, можат да се конторлират единствено соц врсти односи во семејството и со почитување на општеството и куллтурата. Семејстово во Источна Азија се одликува со поголем број членови. Многу е важна улогата на жената во секојдневниот живот и во секојдневната работа. Токму затоа, таа е мошне почитувана. Сите недостатоци во живеењето се отстрануваат со голем степен на воздржаност, трудољубивост, трпеливост и упорност кај секој член на семејството. Овие вредности, како филозофија на живеење, се вреднос на семејствата во Источна Азија, а релекстираат и во негувањето на културата и традицијата во општеството. Типичен пример е доследноста на Јапонците во придржувањето до точноста на времето во транспортот. Како резултат на ваквото воспитување, населението има сè поголем успех во сите сфери на живеење, така што тоа резултира со се позабрзан стопански развој. Се почесто екстензивниот начин на живеење и на работа во семејството се заменува со нови техники и технологии и со интензивен начин на производство. Така се остварува сè поголем степен на развој и подобрување на животот и семејството и во општеството во целост.
Природните одлики на територијата на Источна Азија, регионално гледано, се мошне различни. Во северозападните делови на Кина и Монголија, заобиколени со високи планини, владее сува клима, така што се присутни територии под пустини (Такла Макан, Гоби и др.), полупустински и степи, каде што населението се занимава со номадско и полуномадско сточарство. Во пониските приморски делови на Источна Азија, кои климатски се погодни, побогати и густо населени, е развиено земјоделстото, а од сточарските гранки особено се развиени свињарството и живинарстово. Како работен добиток во Источна Азија се важни две карактеристични животни, и тоа: јак - долговлакнесто говедо и бивол - кој се одгледува и користи во низините при земјоделската работа. Од полјоделството најразвиено е одгледувањето ориз. Се одгледува и во низините и терасесто во ридестите простори. Главно е разместен по долините на големите реки, особено Хуанг хе и Чанг Џијанг. Од другите култури, Кина се јавува и како најголем производител на: пченица, пченка, компир, градинарски култури, соја, чај, тутун итн. За Кина е карактеристично и производството на свила. Излезот на море на државите од Источна Азија им овозможува развој на риболовот, така што овие земји се сметаат за рибарски велесили. Земјите од Источна Азија во минатото главно биле затворени за стопанскиот развој. Но, по Втората светска војна од скоро целосно уништеното стопанство започна брз и силен индустриски развој. Во услови на многубројно население, каде што проблемот со исхраната беше мошне изразен, нешто подоцна, поточно по 1970 година, Кина започна запрзан индустриски развој. Слична е состојбата и во двете корејски држави. Според тоа, денес Источна Азија е најразвиен индустриски регон во Азија. По 1990 година, бидејќи е намалено ограничувањето за мигрирање, преселувањето на населението во градовите е зголемено. Така се формирани голем број милионски градови покрај реките Хуанг Хе и Чанг Џијанг и во приморјето. Кина се одликува како индустриско-аграрна земја со големи природни богатства и можности за брз развој. Развиени се црната металургија, машинската индустрија, производтство на автомобили, авиони, бродови, вагони и локомотиви, електроиндустријата, хемиската, текстилната, прехранбената индустрија итн. Сè поголема е изградбата на патишта и железници.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.