![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/2/25/Islam_in_Europe-2010.svg/langmk-640px-Islam_in_Europe-2010.svg.png&w=640&q=50)
Исламот во Русија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ислам во Русија — втора најизразена религија во државата. Според истражувањето спроведено во целата земја во 2012 година[3], муслиманите во Русија броеле 9.400.000 или 6,5% од вкупното население. Сепак, населението на двете федерални субјекти Чеченија и Ингушетија[3], со исламски мнозинства не биле анкетирани поради социјални немири, кои заедно имале население од речиси 2 милиони, па затоа вкупниот број на муслимани може да биде поголем. Меѓу овие муслимани, 6.700.000 или 4,6% од вкупното население во Русија не биле поврзани со ниту една исламска школа и гранки. Исламот е дел од руското историско наследство, признаен според законот и од руските политички водачи како една од традиционалните религии на Русија, и е субвенциониран од страна на руската влада[4]. Ставот на исламот како голема руска религија, заедно со православното христијанство, датира од времето на Катерина Велика, која спонзорирала исламски свештеници и стипендии[5] .
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/2/25/Islam_in_Europe-2010.svg/640px-Islam_in_Europe-2010.svg.png)
- п
- р
- у
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/0/0a/Nurd_Kamal_Mosque.jpg)
Историјата на исламот и Русија опфаќа периоди на конфликт помеѓу муслиманите и православното мнозинство, како и периоди на соработка и взаемна поддршка. Студијата на Роберт Круз за муслиманите кои живеат под царот укажуваат на тоа дека масата на муслиманите му била лојална на тој режим но по Катерина застанала на страната на нејзиниот отомански соперник[6]. По падот на царскиот режим, Советскиот Сојуз вовел политика на државен атеизам, што ја попречувало праксата на исламот и довело до погубување и потиснување на разни муслимански водачи. По распадот на Советскиот Сојуз, исламот повторно добил престижен, правно признаен простор во руската политика. Во поново време, претседателот Путин го консолидирал овој тренд, субвенционирајќи создавање на џамии и исламско образование, кое тој го нарекол „интегрален дел од рускиот културен кодекс“[7], поттикнувајќи имиграција од поранешниот советски блок на муслиманско мнозинство и осудувајќи го она што го државата смета дека е криминален антимуслимански говор на омраза, како што се карикатурите на Мухамед[8].
Муслиманите формираат мнозинство од населението на републиките Башкортостан и Татарстан во Приволшкиот федерален округ и преовладуваат меѓу националностите во Севернокавказскиот федерален округ кој се наоѓа помеѓу Црното Море и Каспиското Море: Черкезите, Балкарците, Чеченците, Ингушите, Кабардинците, Карачајците и бројни дагестански народи. Исто така, во средината на Волжскиот регион живеат популации на Татари и Башкири, од кои најголем дел се муслимани. Други области со значајни муслимански малцинства се Москва, Санкт Петербург, републиките Адигеја, Северна Осетија-Аланија и Астрахан. Постојат над 5.000 регистрирани религиозни муслимански организации[9], еднакви на повеќе од една шестина од бројот на регистрирани руски православни верски организации од околу 29.268 во декември 2006 година[10].