From Wikipedia, the free encyclopedia
Ирина Лакапина (родена Марија; бугарски: Ирина Лакапина, грчки: Μαρία/Ειρήνη Λεκαπηνή, починала ок. 966) била жена на бугарскиот цар Петар I. Таа била ќерка на Христофор Лакапин, син и совладетел на Роман I Лакапин, и неговата жена Августа Софија.[1]
Ирина Лакапина | |
---|---|
Печат на кој се прикажани Ирина со Петар I | |
Сопруга на бугарскиот цар | |
Роден(а) | непознато Византиска империја |
Сопруг | Петар I |
Деца | Пленимир, Борис II, Роман |
Татко | Христофор Лакапин |
Мајка | Августа Софија |
За да се покаже како достоен наследник на неговиот татко и дома и во очите на странските владетели, новиот бугарски цар Петар I покажал сила со инвазијата на Тракија во мај 927, но се покажал подготвен да преговара за потраен мир. Роман ја искористил приликата и предложил брачен сојуз помеѓу царските куќи на Византија и Бугарија за да се стави крај на војната од 913–927. Роман договорил политички брак помеѓу неговата внука Марија и бугарскиот монарх.[2] За прв пат во византиската историја, византиска принцеза ќе се омажи за странски владетел; децении подоцна, зетот и совладетел на Роман, Константин VII го критикува Роман за оваа отстапка. Во октомври 927 Петар пристигнал во близина на Константинопол да се сретне со Роман и да го потпишат мировниот договор, венчавајќи се со Марија на 8 ноември. Да ја означи новата ера во бугарско-византиските односи, Марија го зела името Ирина („мир“).
Ирина и Петар имале повеќе деца, меѓу кои:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.