бугарски владетел From Wikipedia, the free encyclopedia
Роман (околу 929 — 997) — цар на Бугарија од 977 до 997 г. (де факто до 991 г.). Тој е син на цар Петар I и брат на цар Борис II.
Во 963 год. византискиот цар Роман II е симнат од власт и роднинските врски на бугарското царско семејство со византискиот царски двор се прекинати. Новиот цар Никифор II Фока одбил да го потпише повторно мировниот договор, освен ако Борис и Роман не бидат испратени во Цариград како заложници.
Во 970 год., комитопулите, синовите на комит Никола, ја искористиле смртта на бугарскиот цар Петар I, па кренале востание. Византија исплашена од успехот на комитопулите и нивните големи освоени територии од Бугарија, во 970 г. ги ослободува бугарските престолонаследници Роман и Борис II од заточеништво и ги праќа да го бранат бугарскиот престол.[1] Борис и Роман се враќаат во Бугарија и поголемиот од нив ја презел власта под името цар Борис II.
Но, веќе во 971 год. бугарската престолнина Преслав и североисточниот дел од Бугарија се окупирани од Јован Цимиски, а синовите на цар Петар повторно се одведени во Цариград.
Бидејќи Борис II немал деца од машки пол, тој не претставувал опасност за ромејската власт во Бугарија, но Роман уште бил ерген. Затоа царот наредил тој да биде скопен. Во 977 год. Роман со брат му избегале од византиско заробеништво и се упатиле кон Бугарија. Легендата раскажува дека на бугарската граница Борис II бил убиен по грешка од бугарски граничар. По смртта на брат му, Роман бил признаен од комитопулите за цар и отседнал во Скопје, кое било прогласено за престолнина.[2] Во 991 год. царот Роман повторно бил земен во заробеништво во Византија и таму тој умрел во 997 г.
Роман бил последниот владетел од Крумовата династија. Тој, како и неговиот татко, бил посветен на црковна и книжевна дејност. Роман го основал манастирот „Св. Георги Барзоходни“ и му дал статус на бугарски царски манастир.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.