![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/8/88/Inuktitut_dialect_map.svg/langmk-640px-Inuktitut_dialect_map.svg.png&w=640&q=50)
Инуитски јазици
From Wikipedia, the free encyclopedia
Инуитските јазици се американски староседелски јазици кои традиционално се зборуваат во северноамериканскиот Северен Поларник и во одредени делови во Лабрадор, Канада. Сродни јазици на инуитските се јупичките јазици, кои се зборуваат во западна и јужна Алјаска и Рускиот Далечен Исток. Инуитите воглавно живеат во три држави: Гренланд, Канада и САД.
Инуитски јазици | |
---|---|
Народност: | Инуити |
Географска распространетост: | Алјаска, Северна Канада, Нунавут, Нунатсјавут, Гренланд |
Класификација: | ескимско-алеутски
|
Гранки: |
инуиначки
инупијачки
инувијалучки
|
![]() |
Вкупниот број на Инуити кои ги зборуваат своите мајчини јазици е тешко да се одреди, бидејќи сите пребројувања се засноваат на самоизјаснување при пописите, кои пак може несоодветно да ја прикаже употребата на јазикот. Според пописните проценки на Греналанд, овие јазици (дијалекти) во рамките на државата ги зборуваат околу 50.000 жители. Според проценките во Канада, во државата овие јазици ги зборуваат околу 35.000 жители. Во овие две држави живее мнозинското инуитско население, а има уште околу 7.500 жители во Алјаска кои зборуваат инуитски[1] од вкупно 13.000 Инуити.
Овие јазици се зборуваат од неколку стотина жители во Русија. Додадтно на тоа, се проценува дека има околу 7.000 гренландски Инуити во Данска, најголема инуитска заедница надвор од Гренланд и Канада. Глобално гледано, се проценува дека овие јазици ги зборуваат околу 90.000 луѓе.