Лабрадор ретривер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Лабрадор ретривер (лабрадор) — еден од неколкуте видови ретривери кои спаѓаат во класата на ловечки кучиња (птичари). Карактеристични за оваа раса се шепите кои се приспособени за пливање , кои се корисни за првобитната намена на оваа раса — извлекување и враќање рибарски мрежи од водата. Лабрадорот е најпопуларната раса на кучиња во Канада, Обединетото Кралство и САД (уште од 1991 година). Исто така, лабрадорот е една од најпопуларните раси на кучиња за помош на луѓе со инвалидитет во Австралија, Канада, Обединетото Кралство и САД , како и во многу други држави. Истовремено полицијата масовно ја користи оваа раса поради нејзините способности за откривање на траги. Вообичаено, лабрадорите се спортски настроени и многу сакаат да пливаат, да играат игри во кои треба да го фатат и донесат предметот кој им е фрлен од сопственикот, добро се однесуваат во близина на мали деца и постари луѓе и можат да пружат заштита.