Илузија (филм)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Илузија е македонски филм во австриска копродукција[5] од 2004 година со Мустафа Надаревиќ, Владо Јовановски, Никола Ѓуричко, Дејан Аќимовиќ и Марко Ковачевиќ во главните улоги. Филмот е режиран од Светозар Ристовски кој е и автор на сценариото во соработка со Грејс Леа Троје. Дејствието на филмот се одвива во Велес и е приказна за едно талентирано, но злоупотребувано момче кое е предадено од своите илузорни надежи за подобра иднина и, по склоп околници, претворено во криминалец. Филмот дава една мрачна претстава на пост-југословенска Македонија, портретирајќи ја како место подложно на насилство и корупција.
„Илузија (Mirage)“ | |
---|---|
американски филмски постер | |
Режисер | Светозар Ристовски |
Продуцент | Светозар Ристовски |
Сценарист | Светозар Ристовски Грејс Леа Троје |
Главни улоги | Мустафа Надаревиќ Владо Јовановски Никола Ѓуричко Дејан Аќимовиќ Марко Ковачевиќ Александар Ѓорѓиев Данчо Чевревски Салаетин Билал Кирил Гравчев Бајруш Мјаку |
Музика | Клаус Хундбихлер[1] Bei the Fish[2] |
Кинематографија | Владимир Самоиловски |
Монтажа | Атанас Георгиев |
Дистрибутер | Crescent Releasing Picture This! (САД) |
Премиера | Канада: 11 септември 2004 Македонија: 11 март 2005 САД: 13 март 2005 |
Времетраење | 103 [2] 107 мин[3] |
Земја | Македонија |
Јазик | Македонски Албански |
Буџет | € 600,000 [4] |
Илузија е дебитантскиот филм на Ристовски. По неговата премиера во Канада и САД, добро е прифатен од тамошните критичари кои го фалат неговиот бескомпромисен реализам и изведбата на Марко Ковачевиќ во главната улога.[6] Споредуван со Ивановото детство на Андреј Тарковски,[6][7] филмот добива награда за Најдобар филм на Меѓународниот Филмски Фестивал „Anchorage“ во 2005 година[2][8][9], а номиниран е и за Гран при на Меѓународниот Филмски Фестивал во Токио една година претходно[8][10].