Изборна единица 8
поранешна изборна единица во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Изборната единица 8 — поранешна изборна единица при парламентарни избори во Република Македонија во која можеа да гласаат македонските државјани од Северна и Јужна Америка. Од оваа изборна единица се избираше еден пратеник за Собранието на Република Македонија. Заедно со останатите две изборни единици што ја претставуваа дијаспората, беше воведена со измените на Изборниот законик во октомври 2008 година и во неа се гласаше на два парламентарни избори, во 2011 и 2014 година. Со измените на Изборниот законик во ноември 2015 година, Изборната единица 8, заедно со Изборната единица 9, влезе во составот на преструктуираната Изборна единица 7.