Изборна единица 7
изборна единица во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Изборната единица 7 е изборна единица при парламентарни избори во Република Македонија во која е овозможено да гласа македонската дијаспора. Од оваа изборна единица се избираат тројца пратеници за Собранието на Република Македонија, под услов да биде освоен одреден минимум на гласови. Преструктуирањето на Изборната единица 7 е извршено со измените на Изборниот законик во ноември 2015 година.
Претходно, Изборната единица 7 беше една од трите изборни единици во кои ја претставуваат македонската дијаспора. Таа ги опфаќаше македонските државјани од Европа и Африка и од неа се избираше еден пратеник за Собранието на Република Македонија. Заедно со останатите две изборни единици што ја претставуваат дијаспората, беше воведена со измените на Изборниот законик во октомври 2008 година.