Македонски парламентарни избори (2014)
парламентарни избори во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Предвремени парламентарни избори во 2014 година — избори одржани на 27 април 2014 година. Тие се одржаа истовремено со вториот круг на редовните Претседателски избори. Тие беа трети предвремени парламентарни избори од независноста на Македонија и трети предвремени парламентарни избори во низа.
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Резултати од изборите по изборни единици ВМРО-ДПМНЕ СДСМ ДУИ ДПА ГРОМ НДП | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Изборите беа распишани на 6 март 2014 година.[1] Беа поднесени и прифатени 14 кандидатски листи, сите од политички партии и коалиции. Севкупно, на изборите учествуваа 51 партија. Од нив, 9 настапија самостојно, а 42 во некоја од коалициите. Во коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ зедоа учество 23 партии, речиси половина од вкупниот број партии кои учествуваа на овие избори.
На изборите победи коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Опозицијата предводена од СДСМ ги оцени изборите за нерегуларни и одлучи да го бојкотира Собранието. На 19 јуни 2014 година Собранието ја изгласа новата влада, која повторно е коалиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и на чие чело повторно застана Никола Груевски.
По 15-месечен бојкот на 1 септември 2015 година опозицијата предводена од СДСМ се врати во Собранието.[2]