Никола Груевски
македонски политичар / From Wikipedia, the free encyclopedia
Никола Груевски (р. 31 август 1970 , Скопје) — македонски политичар. Тој бил премиер на Македонија во четири мандати од 2006 година сѐ до неговата оставка во јануари 2016 која била дел од условите договорени во Пржинскиот договор за разрешување на политичката криза во Македонија. На чело на партијата ВМРО-ДПМНЕ е од мај 2003 до неговото повлекување од таа позиција во декември 2017. Претходно, за време на владата на Љубчо Георгиевски бил министер за финансии од 1999 до 2002.
Никола Груевски | |
---|---|
Премиер на Република Македонија | |
На должноста 26 август 2006 – 18 јануари 2016 | |
Претседател | Бранко Црвенковски Ѓорге Иванов |
Претходник | Владо Бучковски |
Наследник | Емил Димитриев |
Министер за финансии на Република Македонија | |
На должноста 27 декември 1999 – 1 ноември 2002 | |
Претседател | Борис Трајковски |
Премиер | Љупчо Георгиевски |
Претходник | Борис Стојменов |
Наследник | Петар Гошев |
Претседател на ВМРО-ДПМНЕ | |
На должноста 19 мај 2003 – 23 декември 2017 | |
Претходник | Љубчо Георгиевски |
Наследник | Христијан Мицкоски |
Лични податоци | |
Роден(а) | 31 август 1970 Скопје, СР Македонија |
Партија | ВМРО-ДПМНЕ |
Сопружник |
|
Деца | 2 |
Установа | Економски факултет - Прилеп |
Професија | Економист |
Вероисповед | Православен христијанин |
Груевски во мај 2018 година бил осуден на двегодишна затворска казна за злоупотреба на службена положба при набавка на службено возило.[1] Во ноември истата година избегал во Унгарија каде што добил политички азил.[2]
Во април 2022 Кривичниот суд во Скопје го осудил Груевски на казна затвор од 7 години за кривично дело „перење пари“.[3] Истиот месец Министерстовото за финансии на САД вовело санкции против повеќе поранешни високи функционери меѓу кои и Никола Груевски.[4]
Груевски се бара со меѓународна потерница на МВР за издржување на казна затвор како и за издржување мерка притвор за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ како осомничен за организација на упадот во собранието на 27 април 2017.[5] Сепак, Интерпол ја нема објавено потерницата поради политичкиот азил кој Груевски го има во Унгарија.[6]