Демократска унија за интеграција
политичка партија во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Демократска унија за интеграција, скратено ДУИ (на албански: Bashkimi Demokratik për Integrim, скратено BDI) — македонска политичка партија која ги застапува интересите на Албанците во Македонија. Таа е најголемата етнички албанска политичка партија и трета најголема политичка партија во државата. Партијата е основана на 5 мај 2002 година, следствено на самоукинувањето на Ослободителната народна армија (ОНА), милитантна организација која била иницијатор на вооружениот конфликт во Македонија во 2001 година. Водачот на ОНА, Али Ахмети, е претседател на партијата од нејзиното основање.
Кратки факти Демократска унија за интеграција, Водач ...
Демократска унија за интеграција | |
---|---|
Водач | Али Ахмети |
Основана | 2002 |
Штаб | Мала Речица |
Идеологија | албански малцински интереси, проевропеизам |
Полит. положба | Центар-Лево |
Бои | сина |
Собрание | 18 / 120
|
Општини | 11 / 80
|
Мрежно место | |
bdi.mk | |
Политика на Република Македонија Политички партии Избори |
Затвори