![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/79/Flag_of_North_Macedonia.svg/langmk-640px-Flag_of_North_Macedonia.svg.png&w=640&q=50)
Политика на Македонија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Република Македонија е република со мешовит тип на организација на власта. Единствено отстапување од мешовитиот тип на организација на власта и, општо, од принципот на поделба на власта е уставното решение Собранието на Република Македонија да може да биде распуштено само преку одлука на своите пратеници. Ова уставно решение е карактеристично за политичките системи со собраниски тип на организација на власта. Македонија е парламентарна демократија. Власта е поделена на законодавна, извршна и судска. Уставот е највисокиот закон во државата.
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/thumb/1/15/Vladamk.jpg/320px-Vladamk.jpg)
Политичките институции на Република Македонија се конституираат според волјата на граѓаните преку тајно гласање на општи, слободни избори. Политичкиот систем на парламентарна демократија е воспоставен со Уставот на Република Македонија од 1991 година, којшто ги поставува основните принципи на демократијата и ги гарантира основните слободи и права на граѓанинот.