![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/e/e2/%25D0%2597%25D0%25BB%25D0%25B5%25D1%2582%25D0%25BE%25D0%25B2%25D1%2581%25D0%25BA%25D0%25B0_%25D0%25A0%25D0%25B5%25D0%25BA%25D0%25B0_%25D0%25BF%25D0%25BE%25D0%25BA%25D1%2580%25D0%25B0%25D1%2598_%25D1%2581%25D0%25B5%25D0%25BB%25D0%25BE%25D1%2582%25D0%25BE_%25D0%25A0%25D0%25B0%25D1%2582%25D0%25B0%25D0%25B2%25D0%25B8%25D1%2586%25D0%25B0.jpg/640px-%25D0%2597%25D0%25BB%25D0%25B5%25D1%2582%25D0%25BE%25D0%25B2%25D1%2581%25D0%25BA%25D0%25B0_%25D0%25A0%25D0%25B5%25D0%25BA%25D0%25B0_%25D0%25BF%25D0%25BE%25D0%25BA%25D1%2580%25D0%25B0%25D1%2598_%25D1%2581%25D0%25B5%25D0%25BB%25D0%25BE%25D1%2582%25D0%25BE_%25D0%25A0%25D0%25B0%25D1%2582%25D0%25B0%25D0%25B2%25D0%25B8%25D1%2586%25D0%25B0.jpg&w=640&q=50)
Злетовска Река
река во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Злетовска Река — река во Источна Македонија и десна притока на Брегалница. Реката е долга 56 км и претставува еден од најзначајните водотеци во Источна Македонија. На неа е изграден хидросистемот „Злетовица“ кој обезбедува снабдување со вода за околу 100.000 жители од општините Кратово, Пробиштип, Штип, Карбинци, Свети Николе и Лозово, наводнување на земјоделско земјиште на над 4.500 ха, а служи и за производство на електрична енергија.[1] Во рамките на системот е изградено и вештачкото езеро Кнежево.[2]
Злетовска Река | |
---|---|
![]() Злетовска Река крај покрај селото Ратавица | |
Местоположба | |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Осоговски Планини (кај врвот Ретки Буки) |
• надм. вис. | 1620 м |
Устие | |
• место | Брегалница (кај село Уларци) |
• координати | 41°50′48.8″N 22°16′31.6″E |
• надм. вис. | 293 м |
Должина | 56 км |
Проток | |
• просечен | 1,67 м3 |
Особености на сливот | |
Течение | Брегалница → Вардар → Егејско Море |
Злетовска Река извира во близина на врвот Ретки Буки на Осоговските Планини, на надморска височина од околу 1620 м. Во нејзиниот горен тек се одликува со повеќе геоморфолошки појави, како што се: длабока речна долина, карпести остенци, водопади, брзаци и слапови.[3][4] Реката потоа се спушта низ Злетовско-пробиштипско и продолжува низ Кочанската Котлина, каде што се влева во Брегалница на надморска височина од 293 м. Злетовска Река прима повеќе поголеми и помали притоки од двете страни, од кои најголема е Белошица.[1]
Речната долина е богата со растителен и животински свет, а во речните води се застапени 11 видови на риби.[5] Во поново време се направени анализи во коишто е утврдено дека во подрачјето околу реката постојат можности за развој на екотуризмот и селскиот туризам.[6]