појаснителна страница на Викимедија From Wikipedia, the free encyclopedia
Источна Македонија — географски регион во границите на Македонија кој се протега на исток од границата со Бугарија, на север до етногеографскиот регион Козјачија и општините Куманово и Крива Паланка (Северна Македонија), на југ до границата со Грција на планината Беласица и на запад до Повардарскиот регион (Средишна Македонија - Повардарие).[1]
Релјефно, во целиот регион планините и котлините припаѓаат на старите грамадни планини односно на родопскиот систем. Сите реки во регионот припаѓаат на егејското сливно подрачје, а најголема река во Источна Македонија е Брегалница. Други помали реки се Струмица, Злетовска Река, Крива Лакавица, Светиниколска Река, Кочанска Река, Оризарска Река, Зрновска Река и други.
Котлински целини во овој регион се: Струмичко-радовишка Котлина, Овче Поле, Кочанска Котлина, Делчевска Котлина и Малешевска Котлина, а на истата територија постојат и етногеографските области: Лакавица, Јуруклак, Радовишки Шоплук, Осоговија, Пијанец, Малешевија и Злетовска Река.
Највисоки планини во регионот се: Осоговски Планини (2.252 м.), Малешевски Планини со Влаина (1.932 м.), Беласица (1.881 м.), Плачковица (1.754 м.), Огражден (1.745 м.), Плавица (1.297 м.), Обозна (1.278 м.) и Конечка Планина (1.159 м.).
Кон крајот на XIX и почетокот на XX век, за време на Отоманското Царство, регионот на Источна Македонија административно бил поделен на шест кази. Според бугарскиот етнограф Васил К’нчов во неговата книга („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во шесте кази кои денес географски влегуваат во регионот на Источна Македонија имало 200.142 жители.
На табелата е прикажан бројот на население и националниот состав во Источна Македонија од 1900 година:[2]
Каза | Македонци хрис. | Македонци мусл. | Турци | Албанци | Власи | Евреи | Роми | останати | Вкупно |
Штипска | 22.492 | / | 25.675 | / | / | 800 | 640 | / | 49.607 |
Струмичка | 23.602 | / | 14.930 | / | / | 700 | 1.650 | / | 40.882 |
Кочанска | 20.736 | / | 11.820 | 45 | 2.020 | / | 1.402 | 20 | 36.043 |
Малешевска | 19.751 | 8.605 | 425 | / | / | / | 485 | / | 29.266 |
Кратовска | 19.385 | / | 3.805 | / | 340 | / | 320 | / | 23.850 |
Радовишка | 9.043 | / | 11.061 | / | / | / | 390 | / | 20.494 |
ВКУПНО | 123.614 | 67.716 | 45 | 2.360 | 1.500 | 4.887 | 20 | 200.142 | |
проценти | 61,7 % | 33,8 % | 0,02 % | 1,17 % | 0,74 % | 2,44 % | 0,00 % |
Во географските граници кои ја определуваат територијата на Источна Македонија, се наоѓаат 417 населени места, од кои 12 градови и 405 села, поделени во 20 општини.
Во овој регион спаѓаат градовите: Штип, Струмица, Кочани, Радовиш, Свети Николе, Делчево, Виница, Пробиштип, Берово, Кратово, Македонска Каменица и Пехчево. Најголем град во регионот е Штип со 43.652 жители, кој важи за регионален центар и главен град на Источниот плански регион. Со отворањето на универзитетот „Гоце Делчев“ во 2008 година, Штип претставува и единствениот универзитетски град во Источна Македонија.
Според пописот од 2002 година, во Источна Македонија биле запишани 338.458 жители и сочинуваат 16,7 % од вкупниот број на жители во Република Македонија. Што се однесува до поделбата на урбано и рурално население, 196.527 (58 %) живееле во градовите, а 141.931 (42 %) во селата. Просечната густина на население изнесува 59,8 ж/км2. Особено мала густина има во Кратовско, Овче Поле, Злетовско и во подрачјето на јуручките села на Плачковица. А најголема густина на население е сконцентрирана во јужниот дел на регионот, поточно во Струмичката Котлина, каде што во градот Струмица и околните 74 струмички села живеат 92.625 жители (2002 г.) или 27,7 % од вкупното население во Источна Македонија и 4,57 % од вкупното население во Република Македонија.[3]
Села со над 2.000 жители во регионот се: Ново Село-Струмичко (2.756 ж.), Куклиш (2.532 ж.), Злетово (2.477 ж.), Зрновци (2.221 ж.), Муртино (2.209 ж.), Василево (2.174 ж.) и Русиново (2.095 ж.).[4]
Од етнички аспект, 311.286 или 91,9 % жители се Македонци, а останатото население претставуваат Турци, Власи , Роми, Срби и останати. Турците најмногу се застапени во областа Јуруклак, во Струмичко, Радовишко, Лакавичко и Штипско. Власите живеат во Штипско, Овче Поле, Кочанско и Лакавичко, а Ромите во најголем број живеат во градовите Штип, Кочани и Виница.
На табелата е прикажан бројот на население во регионот по општини, поделено по етнички групи:[4]
Општина | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | останати | Вкупно |
1. Струмица | 50.258 | 3 | 3.754 | 147 | 3 | 185 | 6 | 320 | 54.676 |
2. Штип | 41.670 | 12 | 1.272 | 2.195 | 2.074 | 297 | 11 | 265 | 47.796 |
3. Кочани | 35.472 | / | 315 | 1.951 | 194 | 63 | / | 97 | 38.092 |
4. Радовиш | 23.752 | 8 | 4.061 | 271 | 26 | 71 | 1 | 54 | 28.244 |
5. Виница | 18.261 | / | 272 | 1.230 | 121 | 32 | / | 22 | 19.938 |
6. Свети Николе | 18.005 | / | 81 | 72 | 238 | 71 | 1 | 29 | 18.497 |
7. Делчево | 16.637 | 7 | 122 | 651 | 4 | 35 | / | 49 | 17.505 |
8. Пробиштип | 15.977 | 6 | 37 | 37 | 89 | 1 | 46 | 16.193 | |
9. Босилово | 13.649 | / | 495 | 24 | / | 8 | / | 84 | 14.260 |
10. Берово | 13.335 | / | 91 | 459 | 6 | 20 | 3 | 27 | 13.941 |
11. Василево | 9.958 | / | 2.095 | 5 | 1 | 4 | 1 | 58 | 12.122 |
12. Ново Село | 11.907 | / | / | 3 | / | 25 | 2 | 29 | 11.966 |
13. Кратово | 10.231 | / | 8 | 151 | 1 | 33 | / | 17 | 10.441 |
14. Македонска Каменица | 8.055 | / | / | 14 | / | 24 | 8 | 9 | 8.110 |
15. Чешиново-Облешево | 7.455 | / | / | / | 30 | 4 | / | 1 | 7.490 |
16. Пехчево | 4.737 | / | 357 | 390 | 2 | 12 | / | 19 | 5.517 |
17. Карбинци | 3.200 | / | 728 | 2 | 54 | 12 | / | 16 | 4.012 |
18. Конче | 3.009 | / | 521 | / | / | 3 | / | 3 | 3.536 |
19. Зрновци | 3.247 | / | / | / | 13 | 2 | / | 2 | 3.264 |
20. Лозово | 2.471 | 35 | 157 | / | 122 | 27 | 34 | 12 | 2.858 |
Вкупно | 311.286 | 65 | 14.335 | 7.602 | 2.926 | 1.017 | 68 | 1.159 | 338.458 |
Според бројот на жители, најголема општина е Струмица, а најмала Лозово, додека според површина најголема територија зафаќа општината Берово, а најмала - Зрновци.
Според проценките на население, во 2018 година во овој регион живееле 331.703 жители.[5]
На територијата на Источна Македонија егзистираат неколку дијалекти, кои се класифицираат во две наречја.
Дијалектите кои се дел од Југоисточното македонско наречје се: Штипско-кочански дијалект, Струмички дијалект и Малешевско-пирински дијалект.
Дијалекти кои се дел од Северното македонско наречје се: Овчеполски дијалект и Кратовски дијалект.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.