Вардар
река во Вардарска и Егејска Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Вардар — најголемата река во Македонија и воопшто целиот регион Македонија.[1] Долга е 388 км и нејзиниот речен слив опфаќа површина од приближно 25.000 км2. Извира во Гостиварско и завршува во Солунскиот Залив, Егејска Македонија, во заштитената месност наречена Делта на Вардар. Поради реката, по поделбата на Македонија по Балканските војни, овој дел на Македонија бил наречен Вардарски дел на Македонија или едноставно Вардарска Македонија. Повторно, поради својата географска одлика на овие краишта, според реката била наречена Вардарска бановина која била административна единица на Кралство Југославија во периодот 1929-1941.
За други значења на поимот, погл. Вардар (појаснување).
Кратки факти Вардар, Местоположба ...
Вардар | |
---|---|
Вардар во Велес | |
Местоположба | |
Држави | Македонија, Грција |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Вруток под Шар Планина |
• надм. вис. | 500 м |
Устие | Делта на Вардар, Солунски Залив, Егејска Македонија |
Должина | 388 км |
Големина на сливот | 20.535 км2 |
Проток | |
• просечен | 174 м3с |
Особености на сливот |
Затвори