![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/8/8b/Ziadin_Sela.jpg/640px-Ziadin_Sela.jpg&w=640&q=50)
Зијадин Села
From Wikipedia, the free encyclopedia
Зијадин Села (албански: Ziadin Sela; роден во 1972 во Ливада, Струшко) — градоначалник на Општина Струга во периодот 2013 — 2017 година.[1] На Локалните избори во 2013 Села го победил заедничкиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ Владимир Кочовски со околу 5.000 гласови разлика.[2] По изборните резултати имало 15 жалби од страна на ВМРО-ДПМНЕ до ДИК, но комисијата прифатила само две кои не влијаеле врз конечниот резултат.[3]
Зијадин Села | |
---|---|
![]() | |
Претходник | Рамиз Мерко |
Наследник | Рамиз Мерко |
Градоначалник на Општина Струга | |
На должноста 2013–2017 | |
Претседател на Алијанса за Албанците | |
На должноста | |
Стапил 2015 | |
Лични податоци | |
Роден(а) | 1972
Ливада, Струшко |
Националност | Албанец |
Партија | Алијанса за Албанците |
Професија | специјалист по интерна медицина |
Вероисповед | муслиман |
Една од првите негови мерки по преземањето на градоначалничката функција било уривање на сите дивоградби сместени долж кејот на реката Црн Дрим.[4] На Парламентарните избори 2016 година коалицијата предводена од него, Алијанса за Албанците, учествувала на изборите на кои Села бил избран за пратеник во македонското Собрание.