![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/thumb/c/c1/AA.jpg/640px-AA.jpg&w=640&q=50)
Алијанса за Албанците
From Wikipedia, the free encyclopedia
Алијанса за Албанците (албански: Aleanca për Shqiptarët) — политичка партија од десниот центар, основана во 2015 година во Македонија од Зијадин Села.
![]() | Оваа статија бара повеќе извори за проверливост. Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Алијанса за Албанците | |
---|---|
![]() | |
Водач | Зијадин Села |
Генерален секретар | Кренар Лога |
Гесло | Време е сега! албански: Tash është koha! |
Основана | 2015 |
Штаб | Скопје |
Идеологија | заштита на правата на Албанците во Македонија конзервативизам проевропизам |
Полит. положба | Центар-Десно |
Бои | бела, жолта, виолетова |
Собрание | 10 / 120 |
Општини | 2 / 80 |
Мрежно место | |
Aleanca për Shqiptarët | |
Политика на Република Македонија Политички партии Избори |
Партијата како главна цел има постигнување на целосна национална еднаквост меѓу Албанците и Македонците на сите полиња, од инвестиции, до институционална застапеност, правичен пристап до државните институции, вработување, инфраструктура и зголемување на нивото на национална свест.
Добро свесна за многуте предизвици со кои се соочува општеството во Македонија во продолжената социо-економска транзиција, Алијансата за Албанците се стреми и верува во мултиетнички, европски, демократски и социјален модел на владеење кој може и треба да гарантира подобар живот за сите граѓани, како предуслов за одржлив економски развој и политичка стабилност.
Основните принципи на нејзината политичка платформа се целосна рамноправност меѓу заедниците, владеење на правото, социјална држава, заслуги и транспарентно вработување во државната администрација и спречување на емиграцијата на образованите млади професионалци и воопшто на Албанците од земја.