From Wikipedia, the free encyclopedia
Државната изборна комисија или ДИК според Уставот на Република Македонија е надлежна за спроведување на сите избори во Република Македонија. ДИК е составена од претседател, потпретседател и членови. Сите членови на ДИК ги избира Собранието на Република Македонија, по претходен политички консензус.
Државна изборна комисија | |
---|---|
Лого на комисијата | |
Податоци за органот | |
Надлежност | Собрание на РМ |
Седиште | Скопје, Македонија |
Вработени | 119[1] (2016) |
Мрежно место | |
sec.mk |
Државната изборна комисија е составена од седум членови (претседател, потпретседател и пет други членови). Тие функцијата ја вршат професионално, со право на повторен избор. Нивниот мандат е четири години, а се избираат во рок од 60 дена од денот на одржувањето на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија. Политичките партии во опозиција предлагаат претседател и двајца членови на ДИК, a партиите на власт предлагаат потпретседател и тројца членови на ДИК. Сите нив ги избира Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Кандидатите за членови на ДИК треба да бидат државјани на Република Македонија со постојано место на живеење во Република Македонија, да се дипломирани правници со најмалку осум години работно искуство како правници и да не бидат членови на орган на политичка партија.
Досегашни претседатели на ДИК биле:[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.