From Wikipedia, the free encyclopedia
Зенон од Елеја (грчки: Ζήνων ὁ Ἐλεᾱ́της; ок. 495 – ок. 430 пр.н.е) — предсократски грчки филозоф од Магна Грција и член на Елеатската школа основана од Парменид. Аристотел го нарекол изумител на дијалектиката. [1] Тој е најпознат по неговите парадокси кои Бертранд Расел ги опишал како „немерливо суптилни и длабоки“. [2]
Зенон Елејски | |
---|---|
Зенон ги покажува вратите на Вистината и Невистината (Veritas et Falsitas). Фреска во библиотеката на Ел Ескоријал, Мадрид. | |
Роден(а) | о. 495 пр.н.е. Елеја |
Починал(а) | c. 430 пр.н.е. (на возраст од околу 65) Елеја или Сиракуза |
Период | Претсократска филозофија |
Подрачје | Западна филозофија |
Школа | Елејска школа |
Претежна дејност | Метафизика, онтологија |
Значајни идеи | Зенонови парадокси |
Влијанија од
| |
Влијаел врз
|
Малку се знае со сигурност за животот на Зенон. Иако е напишан речиси еден век по смртта на Зенон, примарен извор на биографски информации за Зенон е Парменид на Платон [3]. Тој е спомнат и во Аристотеловата Физика.[4] Во дијалогот на Парменид, Платон ја опишува посетата на Атина од Зенон и Парменид, во време кога Парменид имал „околу 65 години“, Зенон „скоро 40“, а Сократ е „многу млад човек“. [5] [6] Претпоставката дека Сократ тогаш имал околу 20 години и ако се земе дека годината на раѓање на Сократ била 469 п.н.е., како приближна година на раѓање на Зенон се добива 490 п.н.е. Платон вели дека Зенон бил „висок и убав за гледање“ и дека „во деновите на неговата младост... се зборувало дека бил сакан од Парменид“. [5]
Други можеби помалку веродостојни детали за животот на Зенон се дадени од Диоген Лаертиј во неговите Животи и мислења на еминентни филозофи, каде што е објавено дека тој бил син на Телеутагора, но посвоениот син на Парменид бил „вешт во аргументирањето на двете страни на секоја дискусија, универзален критичар“, и дека бил уапсен и можеби убиен од рацете на тиранинот од Елеа.
“ | Твоја благородна желба, O Зеноне, беше да го убиеш Суровиот тиран, да ја ослободиш Eлеа |
” |
Според Диоген Лаертиј, Зенон ковал завера да го собори тиранинот Неарх.[9] На крајот, Зенон бил уапсен и мачен. [10] Според Валериј Максимус, кога бил измачуван за да го открие името на неговите соработници во заверата, Зенон одбил да ги открие нивните имиња, иако рекол дека има тајна која би била поволна за ушите на Неарх. Кога Неарх се наведнал да ја слушне тајната, Зенон го гризнал за увото. Тој „не го пушти сè додека не го загуби животот и тиранинот не го загуби тој дел од телото“. [11] [12] Во „Мажи со исто име “, Деметриус рекол дека, не увото, туку носот му бил одгризан на тиранот. [13] Според „Суда“ од X век, додека „Зено бил испрашуван од него, тој си го зел јазикот меѓу забите, го изгризал и го плукнал врз тиранинот“, а „потоа бил фрлен во толчник и бил смачкан и здробен до каша“. [14] [6]
Зенон можеби имал поврзаност со други тирани. Според Лаертиј, Хераклид Лембус, во неговиот Сатир, овие настани се случиле против Диомедон, а не против Неарх. [9] Валериј Максим раскажува за заговор против тиранинот Фаларис, но тоа би било невозможно бидејќи Фаларис умрел уште пред да се роди Зенон. [12][15] Според Плутарх, Зенон се обидел да го убие тиранинот Демил. Откако не успеал, „со сопствените заби си го одгриза јазикот, му го плукна в лице на тиранинот“. [16]
Иако многу антички писатели се повикуваат на списите на Зенон, ниту едно од неговите дела не преживеало недопрено. Главните извори за природата на аргументите на Зенон за движењето, всушност, потекнуваат од делата на Аристотел и Симплициј од Киликија.[17]
Платон вели дека записите на Зенон биле „првпат донесени во Атина по повод“ посетата на Зенон и Парменид. [5] Исто така, на Платон Зенон му кажува дека ова дело „со намена да ги заштити аргументите на Парменид“, [5] било напишано во младоста на Зенон, украдено и објавено без негова согласност. Според Платон Сократ ја парафразирал „првата теза на првиот аргумент“ на делото на Зенон на следниов начин: „Ако битието е многу, тоа мора да биде и слично и различно, а тоа е невозможно, бидејќи ниту сличното не може да биде различно, ниту различното слично. [5]
Според Проклус во неговиот Коментар на Платоновиот Парменид, Зенон издал „не помалку од четириесет аргументи кои откриваат противречности“, [18] но сега се познати само девет.
Аргументите на Зенон се можеби првите примери на методот на докажување наречен reductio ad absurdum, што буквално значи сведување на апсурд. Се вели дека Парменид бил првиот поединец кој го применил овој стил на аргументирање. Овој облик на расудување набрзо станала позната како епихеирема. Во Книгата VII од неговите „Теми“, Аристотел вели дека епихеиремата е „дијалектички силогизам “. Тоа е поврзан дел од расудувањето кое противникот го изнел како вистинито. Оној што спори со него има цел да го разбие дијалектичкиот силогизам. Овој деструктивен метод на аргументирање тој го одржувал до тој степен што неколку века подоцна Сенека Помладиот прокоментирал: „Ако го прифатам Парменид, не останува ништо друго освен Едното; ако го прифатам Зенон, не останува ниту Едното. " [19]
Зенон се смета и за првиот филозоф кој се занимавал со најраните посведочени тези за математичката бесконечност.[20]
Според Сер Вилијам Смит, во Речникот на грчката и римската биографија и митологија (1870)[21]
Евзебиј, цитирајќи го Аристокле од Месен, вели дека Зенон бил дел од линијата на филозофи која кулминирала со пиронизмот.[22]
Парадоксите на Зенон повеќе од два милениума ги збунувале, предизвикувале, влијаеле, инспирирале, разгневувале и ги забавувале филозофите, математичарите и физичарите. Најпознати се аргументите против движењето опишани од Аристотел во неговата Физика, Книга VI. [23]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.