Зандбостел
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Зандбостел (германски: Sandbostel) — општина во округот Ротенбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Зандбостел | |
Бараките на поранешниот камп во општината | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Ротенбург |
Општ. заед. | Зелзинген |
Месни единици | 4 |
Градоначалник | Петер Радцио (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 31,54 км2 |
Надм. височина | 8 м |
Население | 796 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 25 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | ROW |
Пошт. бр. | 27446 |
Повик. бр. | 04284, 04764 |
Портал | www.selsingen.de |
Местоположба на Зандбостел во рамките на округот Ротенбург | |
Координати | 53°24′34″N 9°07′50″E |
Општината се наоѓа околу 9 километри јужно од Бремерферде, 17 километри северно од Цефен, 43 километри североисточно од Бремен и 60 километри западно од Хамбург. Низ општината тече реката Осте.
Покрај главното место Зандбостел, во општината се наоѓаат и местата Обер Охтенхаузен, Алтенбург, Минтенбург, Гозехус, Хајнрихсдорф, Хитен, Фалје и Штопелхајде.
Во 1932 година при Големата депресија, Лутеранската црква на Хановер отворила камп за невработени самци за да работат на проекти поврзани со инфраструктурата.
Во 1939 година, кампот бил преземан од нацистите и станал воен камп. До 1945 година низ него поминале милион затвореници и се проценува дека починале помеѓу 8.000 и 50.000 луѓе. Остатоците од градбите на кампот може да се сретнат и денес во месноста Именхајм. Гробиштата за илјадниците затвореници се наоѓа надвор од селото, каде се наоѓа и споменикот во нивна чест.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.