Зајдисонце[1], залез[2] или заод[3] – заоѓање на Сонцето зад хоризонтот заради Земјината ротација. Гледано од Екваторот, при рамноденица Сонцето зајдува точно на запад и во пролет и во есен. Гледано од средни географски ширини, локалното летно Сонце зајдува на северозапад во северната полутопка, но на југозапад во јужната полутопка.

Thumb
Фази на самракот
Thumb
Сончевиот диск точно пред зајдисонце во Намибија
Thumb
Сонцето, околу минута пред зајдисонце, Португалија, октомври 2007

Времето на зајдисонце е дефинирано во астрономијата како момент кога горниот крај на Сонцето исчезнува под хоризонтот. Во близина на хоризонтот, рефлексијата на атмосферата предизвикува зраците од сончевата светлина зраци да бидат искривени до тој степен што геометриски сончевиот диск е веќе околу еден пречник под хоризонтот кога се забележува зајдисонце.

Зајдисонцето се разликува од самракот, кој е поделен во три етапи, првиот се нарекува граѓански самрак, започнува откако Сонцето ќе исчезне под хоризонтот и продолжува додека не се спушти до 6 степени под хоризонтот; втората фаза е наутички самрак, помеѓу 6 и 12 степени под хоризонтот, а третиот е астрономски самрак, кој е период кога Сонцето е помеѓу 12 и 18 степени под хоризонтот.[4] "Примрак" е на самиот крај на астрономскиот самрак, и е најтемниот момент на самракот пред ноќта.[5] Ноќта се јавува кога Сонцето достигнува 18 степени под хоризонтот и веќе не го осветлува небото.

Локациите посеверно од Северниот Поларник и појужно од Јужниот Поларник не доживуваат полно зајдисонце или изгрејсонце најмалку еден ден во годината, кога поларниот ден или поларната ноќ продолжува континуирано 24 часа, но целосна поларна ноќ се јавува само на географска ширина од повеќе од 72,5 степени.

Зајдисонцето создава уникатни атмосферски услови како што се често интензивната портокалова и црвена боја на Сонцето и околното небо.

Појава

Thumb
Земјата која се врти осветлена од Сонцето како што се гледа од далеку над Северниот Пол. Долж терминаторот, Сончевите зраци паѓаат на Земјата хоризонтално, занемарувајќи ги сите атмосферски ефекти и орбиталното движење на Земјата.
Thumb
Целиот циклус на зајдисонце на Високите Рамнини во пустината Мохаве.

Времето на зајдисонце варира во текот на годината и е определено од позицијата на посматрачот на Земјата, одредена со географската должина и ширина, како и надморската височина. Мали дневни промени и забележливи полугодишни промени во времето на зајдисонце се должат на осниот наклон на Земјата, дневната ротација на Земјата, движењето на планетата во нејзината годишна елиптична орбита околу Сонцето и поврзаните револуции на Земјата и Месечината. Во текот на зимата и пролетта, деновите стануваат подолги и зајдисонцето доаѓа сè подоцна секој ден до денот на најдоцното зајдисонце, што се јавува по летната долгодневица. Во северната полутопка, најдоцното зајдисонце се појавува кон крајот на јуни или во почетокот на јули, но не на долгодневицата на 21 јуни. Овој датум зависи од географската ширина на која се наоѓа посматрачот (поврзан со побавното движење на Земјата, околу афелот, што се случува околу 4 јули). Слично, најраното зајдисонце не се појавува на краткодневицата, туку околу две недели порано, повторно во зависност од географската ширина на посматрачот. Во северната полутопка, се јавува во почетокот на декември или крајот на ноември (под влијание на побрзото движење на Земјата околу перихелот, што се случува околу 3 јануари).

Аналогно, истиот феномен постои во Јужната Полусфера, но со соодветни промени на датумите, со најраното зајдисонце што се случува некое време пред 21 јуни во зима, и најдоцното зајдисонце што се случува некое време по 21 декември во лето, повторно зависно од географската ширина. Неколку недели околу двата сонцестоја, и изгрејсонцето и зајдисонцето се јавуваат малку подоцна секој ден. Дури и на екваторот, изгрејсонцето и зајдисонцето се менуваат неколку минути напред и назад во текот на годината, заедно со сончевото пладне. Овие ефекти се претставуваат со аналема.[6][7]

Занемарувајќи ја атмосферското прекршување и ненуловата големина на Сонцето, кога и каде и да се случи зајдисонце, тоа секогаш е во северозападниот квадрант од мартовската до септемвриската рамноденица, и во југозападниот квадрант од септемвриската до мартовската рамноденица. Зајдисонцата се случуваат речиси точно долж запад на рамноденицата за сите посматрачи на Земјата. Точните пресметки на азимут на зајдисонце на други датуми се комплексни, но со разумна точност може да се проценат со помош на аналема.

Бидејќи изгрејсонцето и зајдисонцето се пресметуваат од водечкиот и крајниот раб на Сонцето соодветно, а не според центарот, времетраењето на денот е малку подолг од ноќта (отприлика 10 минути за умерените географски ширини). Исто така, бидејќи Сончевата светлина се прекршува кога поминува низ Земјината атмосфера, Сонцето е сè уште видливо откако геометриски е под хоризонтот. Рефракцијата исто така влијае на изгледот на обликот на Сонцето кога тоа е многу блиску до хоризонтот. Таа делува така што нештата да изгледаат повисоко на небото отколку што се навистина. Светлината од долниот раб од Сончевиот диск повеќе се прекршува од онаа на горниот, бидејќи рефракцијата се зголемува како што аголот на елевација се намалува. Ова ја поткрева привидната позиција на долниот раб повеќе отколку на горниот, смалувајќи ја привидната висина на Сончевиот диск. Неговата ширина е непроменета, па дискот изгледа поширок отколку што е висок. (Во стварност, Сонцето е скоро точно сферично.) Сонцето исто така изгледа поголемо на хоризонтот, оптичка мамка, слична на Месечевата мамка.

Местата посеверно од Северниот и појужно од Јужниот Поларник барем еден ден во годината немаат зајдисонце или изгрејсонце, кога поларниот ден или поларната ноќ траат непрекинато 24 часа.

Залезот како тема во уметноста

  • Залезот на сонцето“ - драма на советскиот писател Исак Бабел од 1928 година.[8]
  • „Зајдисонце“ - песна на францускиот поет Пол Верлен.[9]
  • „Сончевиот залез“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[10]
  • „Залез“ - песна на рускиот поет Александар Прокофјев од 1945 година.[11]
  • „Залез“ — песна на македонскиот писател Бошко Смаќоски.[12]
  • „Западот на Сонцето“ - песна на германскиот поет Хајнрих Хајне.[13]
  • „Залезот на Сонцето“ - песна на германскиот поет Хајнрих Хајне.[14]
  • „Зајдисонце“ - книга на македонската писателка Катерина Џатева.[15]
  • „Зајдисонце“ (англиски: Sunset) — песна на британската рок-група Рокси Мјузик (Roxy Music) од 1973 година.[16]
  • „Зајдисонце“ (англиски: Sunset) — песна на британската рок-група Swervedriver од 1991 година.[17]
  • „Зајдисонце, зајдисонце“ (англиски: Sundown, Sundown) - песна на американското дуо Ненси Синатра (Nancy Sinatra) и Ли Хејзелвуд (Lee Hazlewood) од 1968 година.[18]

Галерија

Македонија на зајдисонце

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.