From Wikipedia, the free encyclopedia
Ждребе — соѕвездие, чие име на латински Equuleus означува 'мало коњче', т.е. ждребе. Станува збор за едно од 48 соѕвездија забележани од Птоломеј во II век, и е денес едно од 88-те современи соѕвездија. Станува збор за второто најмало соѕвездие (помало е само Јужен Крст), со површина од само 72 квадратни степени. Истото е мошне слабосјајно, бидејќи нема ѕвезди посјајни од четврта светлинска величина.
лат. Equuleus | |
Кратенка | Equ |
---|---|
Генитивно | Equulei |
Симболизам | Пони |
Ректасцензија | 21 ч. |
Деклинација | +10° |
Квадрант | NQ4 |
Површина | 72 (°)² (87-мо) |
Главни ѕвезди | 3 |
Бајерови/Флемстидови ѕвезди | 10 |
Ѕвезди со планети | 2 |
Ѕвезди посјајни од 3,00m | нема |
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг) | нема |
Најсјајна ѕвезда | α Equ (Киталфа) (3,92m) |
Најблиска ѕвезда | HD 200779 (48,41 сг, 14,84 пс) |
Месјеови објекти | нема |
Метеорски дождови | нема |
Соседни соѕвездија | Водолија Делфин Пегаз |
Видливо на ширина од +90° до −80°. Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец септември. |
Најсветлата ѕвезда во Ждребе е Алфа Ждребе, традиционално именувана како Киталфа, жолта ѕвезда со светлинска величина 3,9, на растојание од 186 сг. од Земјата. Традиционалното име означува „пределот на коњот“.[1]
Во соѕвездието има и неколку променливи ѕвезди. Познати се околу 25, но скоро сите се мошне слабосјајни. Гама Ждребе е алфа CVn ѕвезда, со распон на светлинската величина од 4,58 до 4,77 во временски период од 12,5 минути. Станува збор за бела ѕвезда на растојание од 115 сг. од Земјата, и поседува оптички придружник со светлинска величина 6,1, наречен 6 Ждребе. Истата може одделно да се забележи и во обичен двоглед.[1] R Ждребе е Мирида која има распон на светлинската величина од 8 до 15,7 во период од близу 261 ден.
Ждребе содржи и неколку двојни ѕвезди кој се интересни за набљудување. γ Equ се состои од првична ѕвезда со светлинска величина од околу 4,7 (незабележително променлива) и втората ѕвезда со светлинска величина 11,6, и на меѓусебно растојание од 2 лачни секунди друга. Ипсилон Ждребе е тројна ѕвезда која се означува и како 1 Ждребе. Овој систем, е на растојание од 197 сг., и има вкупна светлинска величина од 5,4 но и самата е двојна ѕвезда, ѕвездите се со светлински величини од 6 и 6,3 и орбитален период од 101 година. Третата е сосветлинска величина од 7,4и може да се забележи со мали телескопи. Ѕвездите вопрвиот случај се приближуваат една кон друга и нема да можат да се забележат поединечно од почетокот на 2015 година.[1] δ Equ е двојна ѕвезда со орбитален период од 5,7 години, за која едно време се мислела дека го има најкусиот орбитален период за оптичка двојна ѕвезда. Двете ѕвезди во системот не се никогаш на растојание поголемо од 0,35 лачни секунди.
Поради својата мала големина и растојание од рамнината на Млечниот Пат, Ждребе не се одликува со некакви забележителни далечни објекти. Неколку мошне слабосјајни галаксии со светлински величини од 13 до 15 и такви се : NGC 7015, NGC 7040, NGC 7045 и NGC 7046.
Во старогрчката митологија, еден мит се поврзува со Ждребе, односно со ждребето Келерис (што значи „молскавичност“ или „брзина“), кое било подмладок или брат на крилестиот коњ Пегаз. Келерис му бил даден на Кастор од страна на Меркур. Други митови пак велат дека Ждребе е коњот кој бил удрен со тризабецот на Посејдон, за време на натпреварот меѓу него и Атена, кога се одлучувало кои од нив двајца е надмоќен. Бидејќи оваа област од ѕвезди се појавува на небесниот свод пред Пегаз, и поради тоа се нарекува Прв Коњ. Ждребе исто така се поврзува и со приказната за Филира и Сатурн.
Создадено од Хипарх а запишано од страна на Птоломеј, се граничи со Пегаз, но за разлика од Пегаз кој е претставен како голем коњ, Ждребе е претставено само како глава од коњ.[1] [2]
Во кинеската астрономија, ѕвездите кои се во Ждребе се поклопуваат со ѕвездите во соѕвездието Црна Желка на север (北方玄武, Беј фанг сјуен ву).[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.