Емс (германски: Ems; холандски: Eems и др.[1]) — река во подрачјето на северозападна Германија and и североисточна Холандија. Тече низ сојузните покраини Северна Рајна-Вестфалија и Долна Саксонија, и истекува во Ваденското Море. Има вкупна должина од 371 км. Низ устието на Емс минува државната граница помеѓу регионот Источна Фризија (Германија) и покраината Гронинген (Холандија), а нејзиното точно течение е предмет на граничен спор помеѓу овие две земји.
Емс Ems | |
Река | |
Емс кај Линген | |
Потекло на името: tamesis - индоевр. = „темна“ | |
Земји | Германија, Холандија (дел од вододелницата) |
---|---|
Сој. покраина | Долна Саксонија, Северна Рајна-Вестфалија |
Регион | Емсланд |
Притоки | |
- десни | Леда, Хазе |
Градови | Реда-Виденбрик, Гитерсло, Варендорф, Рајне, Линген, Мепен, Пепенбург, Лер, Emden |
Извор | |
- место | Шлос Холте-Штукенброк |
- височина | 134 м |
- координати | 51°51′21″N 8°41′55″E |
Утока | зал. Доларт/Северно Море |
- местоположба | Емден |
- височина | 0 м |
- координати | 53°19′32″N 7°14′41″E |
Должина | 371 км |
Слив | 17.934 км2 |
Истек | во Емден |
- просечен | 80 м3/с |
Течението на Емс низ Емсланд
|
Течение
Изворот на реката се наоѓа во јужниот дел на Тевтобуршката шума во Северна Рајна-Вестфалија и тече како поток. Во Долна Саксонија потокот станува релативно голема река. Тука навлегува во мочурливиот регион Емсланд, наречен по самата река. Во Мепен ѝ се приклучува најголемата притока, Хазе. Потоа тече на север во Источна Фризија, близу до холандската граница. Кај Емден, реката навлегува во Холандија и се влева во заливот Доларт (национален парк) и продолжува како приливна река до градот Делфзејл.
Помеѓу Емден и Делфзејл, реката ја образува границата Холандија-Германија и ова предизвикува благ спор кај властите: Холанѓаните сметаат дека границата минува низ географскиот центар на устието, додека пак Германците велат дека таа оди низ најдлабокиот канал (кој се наоѓа близу до холандскиот брег). Несогласувањето не е од особена важност и не предизвикува политички тензии бидејќи овие две земји се во блиски пријателски односи и имаат отворени граници.
Одминувајќи го Делфзејл, реката се празни во Ваденското Море, кое претставува дел од поголемото Северно Море. Двата протока што го двојат германскиот остров Боркум од неговите соседи Ротумерог (Холандија) и Мемерт (Германија) го присвојуваат името на реката, со тоа што едната е Западен, а другата Источен Емс (Westere(e)ms и Osterems).
Историска важност
Во древно време, реката им била позната на неколку дејци во антиката: Плиниј Постариот („Природознание“, 4.14), Такит („Летописи“, Книга I), Помпониј Мела (3.3), Страбон и Клавдиј Птоломеј, („Географија“, 2.10). Птоломеј, на грчки ја нарекува Амисиос, а римските автори ја именуваат како Амизиј (Amisius). На други места реката се нарекува и Амизија, Амазија и Амазиос. Читајќи ги старите автори, сигурно е дека се работи за денешната река Емс бидејќи нејзината положба се наведува помеѓу Рајна и Везер и единствената река што водела кон Тевтобуршката шума.
Реката Амизиј течела од Тевтобуршката шума, чие подрачје е дом на племињата Херуски, Бруктери и некои други по границите на течението. Во околината на устието (денешна Холандија) живееле и Ампсивариите, наречени по реката. Овие родови заедници, заедно со извесни други, ги сочинуваат првобитните Франки. Римјаните биле мошне заинтересирани да ги вклучат во царството, и за таа цел ја изградиле тврдината Амизија на устието на реката Емс. Поради пловноста на реката, Римјаните се надевале дека ќе можат со бродови да допловат до крајот на горното течение, кајшто живееле племињата.
Меѓутоа, течението на реката било окружено со мочуришта и блата. Затоа Римјаните не успеале да пронајдат место за застанување и не можеле да одберат погоден терен за напад бидејќи таков терен тука немало. Со тоа, тие не можеле да ги променат стратегиите и тактиките на римската војска. Во 9 г., војската била пресретната во Битката кај Тевтобуршката шума, спречувајќи го нивното напредување. По 6 години, Римјаните повторно се соочиле со пораз, па така реката Емс станала слепо црево за римските усилби во регионот. И покрај повеќе обиди, Римјаните не можеле да направат соодветни насипи во мочуриштата, и тие останале непроодни.
Во поново време, реката е поврзана со други водни патишта преку канали, отворајќи ја како магистрала за превоз на индустриски стоки.
Населени места по течението
- Шлос Холте-Штукенброк
- Хевелхоф
- Штајнхорст
- Вестервие
- Пенинг
- Ритберг
- Реда-Виденбрик
- Харзевинкел
- Варендорф
- Телгте
- Гревен
- Емсдетен
- Рајне
- Залцберген
- Емсбирен
- Линген
- Гесте
- Мепен
- Харен
- Латен
- Клузе
- Дерпен
- Лее
- Ашендорф
- Тунксдорф
- Папенбург
- Венер
- Лер
- Јемгум
- Мидлум
- Крицум
- Рорихум
- Гандерсум
- Емден
- Кнок
- Делфзејл
Притоки
- Вапелбах
- Далке
- Лутер
- Акстбах
- Хесел
- Бевер
- Верзе
- Елтингмиленбах
- Гросе А
- Хазе
- Нордраде
- Леда
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.