Лер (град)

град во Долна Саксонија, Германија From Wikipedia, the free encyclopedia

Лер (град)map

Лер (германски: Leer; источнофризиски долносаксонски: Læær или Läär) — град и административно седиште на истоимениот округ, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Леда,[2] притока на реката Емс, близу границата со Холандија. Со 34.958 жители (2021), тој е трет најголем град во Источна Фризија зад Емден и Аурих.

Кратки факти Земја, Местоположба на градот Лер (град) во рамките на округот Лер ...
Лер (град)

Leer

Thumb
Поглед на Градското собрание и пристаништето
Поглед на Градското собрание и пристаништето
Thumb
Thumb
Thumb
Лер (град)
Управа
Земја Германија
ПокраинаДолна Саксонија
ОкругЛер
Градски единици9
ГрадоначалникКлаус-Петер Хорст (независен)
Основни податоци
Површина70,30 км2
Надм. височина3 м
Население 35.663 (31 декември 2022)[1]
 - Густина507 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.LER
Пошт. бр.26789
Повик. бр.0491
Порталwww.leer.de
Местоположба на градот Лер (град) во рамките на округот Лер
Thumb
Карта
Координати53°13′51″N 7°27′10″E
Затвори

Поради своето пристаниште, градот на Емс и Леда со векови бил обликуван од трговијата и поморството. Во него се наоѓа едно од најголемите германски бродоградилишта.[3] Лер важи и за најважен трговски град во Источна Фризија и самиот се именува како „Портата на Источна Фризија“.

Стариот град се смета за „највреден“ во областа поради добрата зачуваност на историските куќи.[4]

Од 2000 година градот станал универзитетски поради отворањето на Високата школа Емден/Лер.

Географија

Местоположба

Лер се наоѓа во јужниот дел Источна Фризија на устието на Леда во Емс. Неговото градско јадро се наоѓа во непосредна близина на устието на реките; преку проширување на својата област и припојувањата градот се раширил во насока на Емс. Со припојувањето на градските единици Бингум и Нетелбург во 1972 година, градското подрачје се проширило западно од Емс и јужно од Леда. Во пристаништето може да допловат морски бродови преку Емс и Леда. Градот се наоѓа на половина пат помеѓу Гронинген и Олденбург.

Соседни општини

Градот Лер се наоѓа средишно во копнената зона на истоимениот округ. Се граничи со седум од единаесет други општини во округот (почнувајќи од североисток, надесно): општинските заедници Хезел (со општините Холтланд и Бринкум) и Јиме (со општините Нортмор и Детерн), општините Раудерфен и Вестоверлединген, градот Венер, како и општините Јемгум и Мормерланд.

Градски единици

Градските единици на Лер

Лер е поделен на градското јадро и осум други градски единици. Тоа се Бингум, Хајсфелде, Хоегасте, Лерорт, Лога, Логабирум, Нетелбург и Нитермор. Две градски единици се одвоени од остатокот на градското подрачје со реките: Нетелбург се наоѓа јужно од Леда во Оверледингерланд, Бингум западно од Емс во Рајдерланд. Покрај овие единици, има и други помали места.

Покрај градското јадро, густо изградени се и градските единици Лерорт, Хајсфелде и делови на Лога. Другите единици се послабо изградени.

Клима

Климата во градот Лер е под директно влијание на Северното Море. Во просек, температурите во лето се посвежи, а во зима се потопли отколку на копното.

Повеќе информации Клима на Лер, Показател ...
Клима на Лер
Показател Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Просечна максимална (°C) 4 5 8 12 17 20 21 21 18 14 8 5 12,8
Просечна минимална (°C) −2 −1 1 3 6 9 11 11 9 6 2 0 4,6
Просечно кол. врнежи (мм) 59,2 40,1 51,4 46,0 61,5 77,4 74,8 67,2 65,6 62,5 69,1 63,2 738
Врнежливи денови (≥ 2,0 мм) 13 9 12 10 11 11 11 11 11 11 14 14 138
Сончеви часови (дневно) 1 2 3 5 6 6 6 6 4 3 2 1 3,8
Извор: Wetterdienst.de[5][6]
Затвори

Историја

Thumb
Остатоци од тврдината Лерорт на устието на Леда во реката Емс, 1453–1760

Постојат многу траги од рани населби во областа, вклучувајќи алатки кои потекнуваат од околу 3200 година п.н.е..

Во 791 година, светецот Лудгер ја изградил првата капела во Источна Фризија на западниот раб на населбата Лер, тогаш уште именуван како Хлери (Hleri). Оваа капела првпат е спомената во пишан документ од 850 година.

Во текот на XIV и XV век, Лер бил седиште на семејството Укена, кое било едно од највлијателните источнофризиските феудални семејства во тоа време. Градот користел од трговијата со Ханза и била изградена тврдината Лерорт.

Во 1508 година, грофот Едзард добил официјално право да организира пазар, со што започнала традицијата на „Галимаркт“, кој денес се празнува како годишен панаѓур. Во 1744 година, Источна Фризија припаднала на Прусија, тогаш владеена од Фридрих Велики. Градските права ги добил во 1823 година[2] од Џорџ IV, крал на Хановер.

Во 1854 година, Лер бил поврзан со железница, која во тоа време го поврзувала Емден и Рајне во областа Рур. Во 1856 година, линијата била поврзана со националната железничка мрежа.

За разлика од Емден, Лер доживеал малку штета при сојузничкото бомбардирање во Втората светска војна. Градот бил окупиран од канадските трупи на 28 април 1945 година.

Политика

Градски совет

Thumb
Градското собрание во Лер

Градскиот совет се состои од 38 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 30.001 и 40.000 жители.[7] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните општински избори на 12 септември 2021 година биле добиени следниве резултати:[8]

Повеќе информации Партија, % на гласови ...
Партија  % на гласови Број на места Промена
SPD39,3 %15+2,6%
CDU21,9%8-6,0%
GRÜNE21,8%8+7,9 %
FDP6,3 %2+3,3%
AfD3,9%2+3,9%
Независна избирачка група (LWG)3,1%1+3,1%
Независна избирачка група (AWG)2,0%1-8,2%
Linke1,2%1-1,9%
Затвори

Градоначалник

Градоначалник на градот Лер е Клаус-Петер Хорст (независен).

Претходни градоначалници
  • 1812–1814: Мајре Вилем Крамер фон Баумгартен
  • 1814–1842: Абрахам Ерленхолц (до 1823 привремено)
  • 1843–1852: Адолф Вилхелм Хилинг
  • 1852–1857: Георг Хајнрих Леонхард Шов
  • 1857–1888: Јулиус Пуштау
  • 1888–1913: Август Дикман
  • 1914–1917: Герхард Чакерт (привремен)
  • 1917–1920: Емил Хелмс
  • 1920–1933: Ерих фом Брух
  • 1933–1945: Ерих Дрешер
  • 1945–1946: Албрехт Граф фон Ведел
  • 1946: Јохан Епкес
  • 1946: Херман Ибел
  • 1946–1948: Луј Телеман
  • 1948–1950: Ернст Штендел
  • 1950–1964: Херман Ибел
  • 1964–1968: Фридрих Гердес
  • 1968: Хајнрих Клазен
  • 1968–1973: Хорст Милде
  • 1973–2001: Гинтер Бекхоф
  • 2001–2014: Волфганг Келнер (независен)
  • 2014–2021: Беатрикс Кул (CDU)
  • 2021–денес: Клаус-Петер Хорст (независен)

Збратимени градови

Лер е збратимен со следниве градови:

Познати луѓе

  • Фоко Укена (1370–1436) — источнофризиски феудалец
  • Убо Емиус (1547–1625) — теолог и историчар
  • Густаф Вилем Барон ван Имхоф (1705–1750) — генерален гувернер на Холандска Источна Индија
  • Јохан Лудвиг Хинрихс (1818–1901) — соосновач на германските баптисти
  • Оно Клоп (1822–1903) — издавач и историчар
  • Вилхелмине Сифкес (1890–1984) — писател
  • Бернхард Бавинк (1879–1947) — филозоф и научник
  • Ернст Ројтер (1889–1953) — политичар
  • Херман Ланге (1912–1943) — свештеник
  • Марон Куртис Форт (1938–2019) — професор и лингвист
  • Карл Дал (1941–2020) — презентер, пејач и комичар
  • Фридел Грицмахер (р. 1942) — политичар
  • Ока Рау (р. 1977) — одбојкар
  • Кристина Хенингс (р. 1984) — веслач

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.