Економска војна
From Wikipedia, the free encyclopedia
Економска војна или економско војување е економска стратегија што ја користат завојуваните страни со цел да ја ослабат економијата на противникот. Тоа најчесто се постигнува преку воведување на економски блокади.[1] Уништувањето на житните култури на непријателот е традиционален метод, кој се користи илјадници години.
Војна Воена историја по доба | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Епохи
Борилишта
Организација
Логистика
Листи
|
Во воените операции, економското војување има за цел да се оневозможи непријателот непречено да користи ресурси кои би му помогнале во развивањето на воениот потенцијал.[2]
Концептот на економско војување најчесто се применува во тотална војна, која покрај вооружените сили на непријател ја опфаќа и неговата воена економија. Ако се нанесе штета на економијата на непријателот се намалува неговата способност да води војна. Со методите на палење на територијата која наскоро ќе ја освои непријателот, му се ускратуваат ресурсите на непријателот по нејзиното освојување.
Најчести политики и мерки во економското војување се: ембарго, блокада, ставање на црна листа, преклузивно купување, награди и заземање или контрола на непријателските ресурси или ланци за снабдување.[3] Политиките како: царинска дискриминација, санкции, престанување со економската помош, замрзнување на основни средства и капитал, забрана за инвестирање и други текови на капитал и експропријација,[4] се сметаат за економска војна дури и без вооружен конфликт.