Добрево
село во Општина Пробиштип From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Пробиштип From Wikipedia, the free encyclopedia
Добрево — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.
Добрево | |
Панорамски поглед на селото Добрево | |
Координати 42°01′27″N 22°11′50″E | |
Регион | Источен |
Општина | Пробиштип |
Област | Злетовско-пробиштипско |
Население | 171 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 2210 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 21008 |
Надм. вис. | 600 м |
Добрево на општинската карта Атарот на Добрево во рамките на општината | |
Добрево на Ризницата |
Селото се наоѓа во североисточниот дел на територијата на Општина Пробиштип, во рударско подрачје исполнето со конусни ридови, кои се вонредно богати со олово-цинкова руда. Неговиот атар се допира со подрачјето на Општина Кратово.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 600 метри. Од градот Пробиштип, селото е оддалечено 6 километри.[2]
Низ селото минува регионалниот пат 1309, кој ги поврзува Пробиштип и Злетово.
Традиционално, до Втората светска војна, селото било поделено на следниве маала: Кацарско, Шутевско, Витановско, Тулумџиско, Кумичарско и Јуручко Маало. Меѓу првите пет маала е сместено сретселото.[3]
Подрачјето на Добрево е населено уште од доцната антика, за што сведочат повеќе наоѓалишта во неговата околина.[4]
Селото се споменува во две грамоти на царот Стефан Душан и деспотот Константин Дејанов од 1381 година.[5] Во него се споменува дека се наоѓала црква „Св. Варвара“, којашто деспотот Јован Оливер ја приложил на Лесновскиот манастир во 1341 година.[2]
Во септември 1910 година, селото настрадало за време на младотурската акција на разоружување. Сите мажи побегнале незаконски и војската се распоредила околу нивните имоти.[6]
За време на Првата балканска војна, од селото имало 5 доброволци кои биле дел од Македонско-одринските доброволни чети.[7]
Францускиот шпион Анри Пози во својата книга „Војната се враќа“ (1934), раскажува потресувачка случка за српските тормози над Македонците:
„ | Во селото Добрево, една 16-годишна мома, Миладина Тачева, обвинета и осудена дека пеела македонска песна, била соблечена гола, врзана за една даска и ѝ биле нанесени 60 удари со стап по крсната коска. Потоа, била малтретирана од страна на началникот на групата и неговите другари - шестмина![8] | “ |
Атарот на селото зафаќа простор од 9,5 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 418,7 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 276,8 хектари, а на пасиштата 187 хектари.[2]
Во основа, може да се каже дека селото има полјоделско-шумарска функција, но добар дел од работноспособното население е вработено во рударската дејност. Во селото работат продавници и угостителски објекти.[2]
Во селото се наоѓа рудникот на олово-цинкова руда „Добрево“.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Добрево имало 290 жители, сите Македонци.[9] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Древено имало 320 жители, сите Македонци.[10]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[11]
Во 1961 година селото било големо и тогаш броело 1.053 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 442 жители, односно станало мало село по големина, населено со 435 жители Македонци и 4 жители Турци.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 340 жители, од кои 336 Македонци, 2 Турци и 2 од друга етничка припадност. Бројот на домаќинства изнесувал 100, а бројот на живеалишта 175.[12]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 171 жител, од кои 151 Македонец, 1 Србин и 19 лица без податоци.[13]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 290 | 320 | 457 | 1.049 | 1.053 | 736 | 502 | 420 | 442 | 340 | 171 |
Добрево е македонско село.[3]
Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:
Кон крајот на XIX век, Добрево било село во Кратовската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Пробиштип, во која покрај селото Добрево, се наоѓале и селата Горни Стубол, Гризилевци, Долни Стубол, Дренак, Калниште, Кундино, Марчино, Неокази, Петршино, Плешенци, Пробиштип и Стрмош. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Добрево, во која влегувале селата Добрево, Дреново и Марчино.
Во селото постои избирачкото место бр. 1554 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[18]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 211 гласачи.[19] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 196 гласачи.[20]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.