From Wikipedia, the free encyclopedia
Димо Тодоровски (Солун, 11 декември 1910 – Скопје, 27 април 1983 ) — истакнат македонски вајар и академик од првата генерација вајари кои го втемелиле современиот облик на оваа ликовна уметност во Македонија. Претставува единствениот вајар што се појавил во земјата меѓу двете светски војни.
Димо Тодоровски роден е на 12 ноември 1910 година во Солун, од мајка Ленка Перева и татко Ристо Тодоровски. Две години по неговото раѓање, неговото семејство се вратило во родниот град Прилеп. Во 1917 година, татко му починал, а Димо од 1920 до 1929 година престојувал во Домот за воени сирачиња во Битола. Без доволно финансиски средства, од 1929 до 1935 година студирал во Белград, каде ја завршил Уметничката школа со академски курс, на вајарскиот отсек во класата на П. Палавичини. По враќањето во Македонија, учествувал во формирањето на Уметничката школа во Скопје (каде бил и професор до пензионирањето), но и во формирањето на Уметничката галерија во 1949 година. Тодоровски вил и дописен член на МАНУ, а починал во Скопје, во 1983 година. И денес, во населбата Трнодол каде живеел, стои неговата празна куќа со ателјето, за која тој оставил аманет да биде претворена во спомен дом.
Димо Тодоровски, освен дела со теми од НОБ и социјални теми, изработувал и портрети, меѓу другите и на неговите пријатели Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, на Ана Липша Тофовиќ. Познат е како автор, кој бил целосно предаден на скулптурата, на вајарството, иако во текот на животот се соочувал со многу финансиски проблеми. Неговиот постар брат Панче Тодоровски го охрабрувал да студира, а поради немање пари, за време на студирањето работел и како фирмописец, во Нишкиот театар и како сценограф. Како студент учествувал и на конкурси и добивал и откупни награди, но за жал, многу од скулптурите од пред Втората светска војна му биле уништени. „Во принцип тој бил човек со големо срце, не бил материјалист, не знаел да даде цена за своите дела. Му било важно делото да му биде убаво, да ги исполни неговите критериуми“
Во Националната збирка на музејот на современата уметност се наоѓаат повеќе дела на Димо Тодоровски, а некои негови дела се дел од приватни збирки. Притоа, дури 90% од неговите дела се изработени во гипс, само 10% се излеани во бронза. Во Националната галерија се чуваат 23 дела на Тодоровски, од кои 17 се излеани во бронза, четири се во гипс, а две се направени од теракота. Во Музејот на современата уметност се чуваат 25 негови скулптури, од кои, 22 се во гипс, а три во бронза. Споменикот на Мечкин Камен е авторско дело на Димо Тодоровски, изработено во 1983 година. Исто така, едно од неговите најзначајни дела е скулптурата „Јама“ што се чува во Даут-пашиниот амам. Најпосле, тој е автор на споменикот на НОВ во Трница.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.