Remove ads
музеј во Скопје From Wikipedia, the free encyclopedia
Музеј на современата уметност — музеј на современата уметност во Скопје е сместен на самиот рид Кале, во непосредна близина на истоимената тврдина, со особена задршка на модернизмот. Изградбата на зградата на Музејот е започната на 5 април 1969 година и е завршена до 13 ноември 1970 година, кога свечено е пуштена во употреба. Градбата претставува донација од страна на Владата на Полска. Денес, овој музеј е единствената установа во Македонија, којашто собира и обработува документација за македонската уметност и прикажува значајни историски филмови.[1] Зградата на музејот била реновирана по првпат од нејзиното отворање во 1970 година и отворена за посетителите со изложбата „Солидарноста - недовршен проект“ на 22 февруари 2014 година.[2]
Поглед на музејот од далечина | |
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found | |
Основан | 1964 |
---|---|
Место | Скопје, Македонија |
Тип | национален |
Директор | Елиза Шулевска |
Мреж. место | msuskopje.org.mk |
Идејата за формирање на ваков музеј возникнала по земјотресот во 1963 и големиот број на пристигнати уметнички дела, како солидарност од страна на меѓународните организации, музеи и поединци. Со цел да се сместат овие подароци, на 11 февруари 1964 година е донесена одлука за основање на Музејот на современа уметност. Бројот на дарувања и подароци се зголемил во последните неколку години, а во периодот од 1966 до 1970 г. бил изнајмен галериски простор за одржување на изложби. Поради зголемените потреби, во 1969 г., започнала изградбата на новата музејска зграда, којашто била свечено отворена на 13 ноември 1970 година.[3]
Еден од главните негови основачи бил истакнатиот македонски историчар на уметноста, ликовен критичар, професор Борис Петковски кој од 1964 до 1976 бил и прв негов директор.
Под негово раководство, концепт, залагање, ентузијазам - Музејот на современа уметност, се здобил со богата колекција експонати од огромна важност, била изградена новата музејска зграда, а реализирани биле и над 250 значајни меѓународни изложби [4],[5].
Зградата на музејот зафаќа вкупна површина од над 5.000 м2, а неа ја сочинуваат три поврзани објекти, во кои се распоредени салите за повремени изложби, просторот за постојана поставка, салата за предавања, библиотека и архива и другите простории. Надворешната површина околу Музејот служи за спроведвање на разни вајарски проекти.[6] Во просториите на музејот се одржуваат изложби, настани поврзани со македонската и странската уметност, трибини, разговори со уметници, филмски прикажување и други културно-уметнички настани. Музејот, исто така, располага со драгоцена меѓународна збирка, која дава претстава за македонската современа уметност.[1]
Меѓу изложените дела, во музејот се претставени разни истакнати уметници на модернизмот и другите уметнички движења на XX век. Меѓу нив се вбројуваат следниве:
|
|
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.