Девизни резерви
From Wikipedia, the free encyclopedia
Девизни резерви (англиски: Foreign exchange reserves, Official reserves) ја сочинуваат странската актива која се наоѓа под контрола на монетарната власт и се наоѓа на располагање за финансирање на нерамнотежата во платниот биланс, како и за интервенција за девизниот пазар (влијание на девизниот курс) и за останати потреби.
Девизните резерви на државата во поширока смисла се состојат од девизни резерви на централната банка и девизните резерви на банките. Тие, меѓу останатото, служат за обезбедување на меѓународна ликвидност на земјата, остварување на задачите на монетарната политика и за полесен пристап на меѓународниот пазар на капитал.
Во периодот 2000-2014 година, светските девизни резерви пораснале од околу 2.000 милијарди на речиси 12.000 милијарди долари. Во 2015 година, најголеми девизни резерви имала Кина (3.300 милијарди долари).[1]