Пазар на капитал
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пазарот на капитал (англиски: [capital market] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help)) претставува збир на односите помеѓу понудата и побарувачката на долгорочни хартии од вредност. Преку пазарот на капитал доаѓа до размена на паричните средства од оние кои ги имаат на оние на кои им се потребни, при што, корисниците на средствата им плаќаат одреден надомест на позајмувачите во вид на камата (што ја добиваат сопствениците на обврзниците), дивиденда (што ја добиваат сопствениците на акциите) или слични исплати, како што е капиталната добивка, која одговара на разликата меѓу продажната и куповната цена на хартиите од вредност.[1]
На страна на понудата и на страната на побарувачката на долгорочни парични средства се јавуваат следниве субјекти: населението, стопанството, државата и банките. Сепак, населението се јавува во улога на нето-доверител, што значи дека повеќе пласира сопствени средства отколку што користи, додека стопанството редовно е најголем нето-корисник на средствата, што значи дека повеќе користи средства од пазарот на капитал, разбирливо, за инвестирање, отколку што таму ја пласира сопствената акумулација.[2]
Како резултат на операциите на пазарот на капитал доаѓа до создавање на соодветни хартии од вредност, акции и обврзници. Издавањето на хартиите од вредност, како и нивната продажба, претставува примарен пазар. Подоцна со веќе издадените хартии од вредност се тргува на секундарниот пазар, т.е. се врши нивно продавање и купување помеѓу учесниците на пазарот. За да можат да се одвиваат сите овие транскации, пазарот на капитал се регулира со соодветна законска регулатива и на него се формираат институции кои ги овозможуваат и олеснуваат операциите на сите останати учесници.[3]