From Wikipedia, the free encyclopedia
Даларна (швед. ⓘ) или Далекарлија — историска покраина (landskap) во средна Шведска.
Даларна Dalarna | ||
---|---|---|
Земја | Шведска | |
Крај | Свеаланд | |
Округ | Даларна Јевлеборг Јемтланд Вермланд | |
Површина | ||
• Вкупна | 29,086 км2 (11,230 ми2) | |
Население (2009)[1] | ||
• Вкупно | 276,505 | |
• Густина | 9,5/км2 (25/ми2) | |
Народ | ||
• Наречје | даларнско | |
Култура | ||
• Цвет | ѕвонче | |
• Животно | був | |
• Птица | — | |
• Риба | пиор | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Се граничи со покраините Херједален, Хелсингланд, Јестрикланд, Вестманланд и Вермланд. На запад се граничи со Норвешка.
Името на покраината значи „долини“. Ова е популарно летно одредиште за жителите од југот поради добриот риболов, убавите кампови и густите шуми. Побогатите имаат викендички. Лете во селата и градовите се одржуваат разни слави и фестивали со народни игри. Покраината има богата историја и свои зачувани обичаи и наречје. Во историјата жителите на Даларна биле познати по вековниот стремеж за независност.[2]
Покраините во Шведска немаат административна улога, туку постојат само како културно-историски целини. Во случајот на покраината Даларна, управните граници на округот Даларна се речиси исти како покраинските, освен дел од северизападниот дел на Хамра (Орша Финмарк), која влегува во состав на округот Јевлеборг.
Во средината на покраината се наоѓа езерото Силјан. Поважни реки се Вестердалелвен и Естердалелвен, кои се влеваат во поголемата река Далелвен.
Низ севердниот дел од покраината се протега дел од Скандинавските Планини. Пределите се планински и имаат многу леднички езера. Јужниот дел е рамничарски и има неколку рудника. Најзастапен метал е бакарот.
Највисока точка е планината Стурветешогна (1204 м), а најниската точка (55 м) се наоѓа во југоисточниот дел.
Даларна ги опфаќа следниве градови:
Покраината Даларна била дел од крајот Свеаланд пред обединувањето на Шведска (XI век).
Во покраината започнале три значајни буни:
Даларна има богата и карактеристична народна култура со својствена музика, живопис и ракотворби. Тука рунското писмо се задржало најдолго од сите места во Шведска - сè до XIX век.[3]
Познат симбол на покраината е „далскиот коњ“ (Dalahäst) кој е изделкан од дрво, а потоа се бои и украсува. Поднебјето е особено погодно за одгледување на коњи бидејќи почвата е богата со калциум.
Помеѓу Селен и Мура, секоја година се одржува скијачката трка „Васалопет“ (Vasaloppet = „Васина трка“), која е најдолгата светот (90 км). Трката се одржува во чест на бегството на Густав Ериксон (подоцна крал Густав I Васа) од данската војска во 1520.
Рударското подрачје Стура Копаберг („Голема Бакарна Планина“) во Фалун е прогласено за светско наследство на УНЕСКО.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.