From Wikipedia, the free encyclopedia
Херједален (швед. ⓘ) е историска покраина (landskap) во средишниот дел на Шведска. Се граничи со Норвешка и шведските покраини Даларна, Хелсингланд, Меделпад и Јемтланд. Покраината била дел од Норвешка сè до 1645, кога ѝ припаднала на Шведска со Договорот од Бремсебру.
Херједален Härjedalen | ||
---|---|---|
Земја | Шведска | |
Крај | Норланд | |
Окрузи | Јемтланд Даларна | |
Површина | ||
• Вкупна | 11,405 км2 (4,403 ми2) | |
Население (2009)[1] | ||
• Вкупно | 10,028 | |
• Густина | 0,88/км2 (2,3/ми2) | |
Народност | ||
• Наречје | хердалско | |
Култура | ||
• Цвет | пролетно дремниче | |
• Животно | мечка | |
• Птица | златен орел | |
• Риба | липлен | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Традиционалните покраини во Шведска немаат административна улога, туку постојат само како културно-историски целини. Во Херједален постои истоимена општина (kommun) јужниот дел на округот Јемтланд, но општината е поголема од покраината.
Четири петтини од покраината се планински, со над 500 м надморска височина, во состав на Скандинавските Планини. Во покраината е сместено највисокото населено место во Шведска - селото Хегволен (835 м).
Необична одлика на покраината е што воопшто нема градови. Најголемо населено место е скромното село Свег, поранешен административен центар на покраината.
Еден од симболите на покраината е пролетното дремниче (арктичка синоличка), кое може да се сретне и на повисоките делови на Алпите во остатокот од Европа.
Низ општината се протега и националниот парк Сонфјелет.
Јемтланд и Херједален првобитно биле покраини на Норвешка. Херједален потпаднал под норвешка власт во ~ 1100 г. Шведска ги добила дури во 1645, со Договорот од Бремсебру.
Првите жители на Херједален се доселиле во областа пред 9.000 години. Населението се издржувало со лов и риболов недалеку од копнениот мраз кој тогаш веќе почнал да се топи. Во местото Руендан во североападниот дел на Херједален има големо наоѓалиште на карпести цртежи кои сведочат за ова време. Има вкупно дваесет цртежи на кои се претставени луѓе, мечки, лосови и ирваси. Цртежите се откриени во 1896 и се проценува дека се стари 4000 години.
Според едно предание, Херједален е наречен по еден нормански јунак кој побегнал на исток од дворот на норвешкиот владетел Халфдан Црниот бидејќи убил член на неговата придружба со рог. Тогаш го добил името Херјулф Хурнбритаре („Херјулф Рогокршачот"). Извесно време служел на дворот на кралот на Свеите Анунд, но ја зел неговата сестра Хелга и пребегнал во далечните предели кои подоцна ќе го добие неговото име. Денес има негова статуа во селото Лилхердал. Херјулф и Хелга се предци на Исланѓанецот Бјарни Јерјолфсон, кој бил првиот човек што го здогледал „Новиот Свет“ кога ветрот го однел во друг правец додека пловел кон Гренланд. Петнаесет години подоцна, со истиот овој брод морепловецот Лејф Ериксон допловил до Винланд, и така станал првиот Европеец што стапнал на американско тло.[2]
Голем дел од жителите на Херједален се иселиле во Америка кон крајот на XIX век, претежно во северозападниот дел на Минесота.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.