Григориј Таронит
From Wikipedia, the free encyclopedia
Григориј Таронит (грчки: Γρηγόριος Ταρωνίτης) бил ерменски благородник и војвода од втората половина на 10 век кој служел во армијата на византискиот цар Василиј II против царот Самуил и го дал почетокот на влијателното благородничко семејство во Византија[1].
Григориj Таронит Γρηγόριος Ταρωνίτης | |
---|---|
Смртта на Григориj Таронит | |
Починал | 991/995 |
Држава | Византија |
Чин | дук на Солун |
Војни | востание на Варда Склир, Византиско-бугарски војни |
Григориј Таронит бил син на Ашот, последниот владетел на ерменското кнежевство Тарот (северозападно од езерото Ван). По смртта на Ашот (кон 967 година) кнежевството било заземено од византискиот цар Никифор II Фока[1][2]. Како компензација за наследството од кое се откажале, Григориј и неговиот брат Баграм добиле богати имоти во соседната област Халдеја и достојна положба меѓу византиската аристократија во својство на патриции. Освен со материјални ресурси, браќата Таронити продолжиле да имаат значително влијание меѓу сонародниците во источните покраини на империјата. Во 976 година, кога Варда Склир кренал востание против владата на младиот император Василиј II, двајцата застанале на страната на бунтовниците и ги предводиле ерменските трупи[3] .
Во следната граѓанска војна (987-989) Григориј ја зазел страната на василевса против узурпаторот Вардех Фока. Во почетокот на 989 година, кога бунтовниците го зазеле азискиот брег на Босфорот, Василиј II го испратил Григориј Таронит со одред по море во Трапезунд. Оттаму ерменскиот војвода преминал во родните земји ирегрутирал армија од свои сонародници. Ова го принудило на Фока да испрати дел од своите сили против Таронит. Борбата завршила со пораз за Ерменците, поради интервенција на Давид III од Тао, но војната била освоена од императорот со загинувањето на Фока и поразот на неговите приврзаници во пролетта истата година[4].
По смирувањето на Мала Азија во 990 година Григориј Таронит бил назначен од императорот за гувернер на Солун со задача да ги сопре нападите на силите на цар Самоил. Учествувал во опсадата и заземањето на Бер. Загинал во Битката кај Солун во 995 година[5]. Неговиот син, Ашот Таронит ја преживеал истата битка, продолжувајќи го родот на Таронитите во Византија.