From Wikipedia, the free encyclopedia
Градот е за сите (унгарски: A Város Mindenkié) ― унгарска доброволна зачетничка организација основана во 2009 година. Работи во Будимпешта и Печ. Бездомниците (сегашни или минати) и активистите кои не се бездомници работат заедно за правата за домување и општествена правда.
Организацијата работи како неформална група за застапување. Тоа е независна група која зависи од придонесот за доброволна работа и финансиската поддршка на нејзините членови. Групата претставува широк опсег на луѓе кои живеат во сиромаштија и/или бездомници. Целта на групата е да ги поттикне бездомниците да се залагаат за нивното човечко достоинство и да се борат за правото на домување. Бездомниците играат водечка улога во сите аспекти на групата.
„Градот е за сите“ бил создаден со бездомници и домници кои биле учесници на работилницата одржана од страна на „Отсликај ги бездомните“ (англиски: Picture Theless) од Њујорк, по нивната посета на Будимпешта во август 2009 година.[1][2] Работилниците биле финансиски поддржани од иницијативата „Проекти за мир“.[3] Втората група подоцна била создадена во Печ, друг унгарски град.[4]
Основањето на организацијата било вдахнато од концептот „Право на градот“ формулиран од Анри Лефевр и Дејвид Харви, а организацијата е членка на унгарскиот сојуз „Право на градот“.[5]
Групата е целосно доброволна и согласно 2018 година имала околу 50 учесници, од кои 80% биле или бездомници или претходно биле бездомници.[6]
Други организации започнале во рамките на „Градот е за сите“, а потоа преминале во нивна надлежност. „Од улиците во домување“ (унгарски: Utcáról Lakásba Egyesület) е група која презема празни станови и ги претвора во социјални станови. Од март 2019 година, „Од улиците во домување“ управувала со 23 станови во Будимпешта. „Училиште за јавен живот“ (унгарски: Közélet Iskolája) ги обучува активистите за организациски вештини, користење на сметачи и зборување англиски. Откако пет години бил внатрешен проект „Градот е за сите“, училиштето потоа ги проширило своите операции на работа со луѓе од други групи. „Улични адвокати“ обезбедува доброволна правна поддршка и совети. Оваа група започнала во 2010 година, кога луѓето оделе на плоштадот „Блаха Лујза“ секој петок попладне за да понудат правна поддршка на бездомниците.[4]
„Градот е за сите“ редовно организира настани кои придонесуваат за заштита на правата на бездомниците, се залагаат за нивните интереси и го менуваат општественото гледиште за бездомниците. Групата била вклучена во кампања против иселувањето, вклучително и граѓанска непослушност против присилното иселување.[7][8][9][10][11]
Групата често се појавува во медиумите со цел да биде сменета заблудата дека бездомниците се неспособни и безнадежни.[12][13][14][15]
„Градот е за сите“ работи заедно со други зачетнички организации кои ги претставуваат грижите на маргинализираните и угнетените групи. Негува и меѓународни врски, како пример со учеството во Европскиот општествен форум, во проектот за размена на општествено дејство,[16] во Меѓународниот сојуз на жителите[17] или разговори на студенти и бездомници активисти со географот од Соединетите Држави, Нил Смит и канадскиот академик Дебора Е. Коуен во 2010 година.[18] Групата учествувала на конференцијата на Европскиот сојуз на национални организации кои работат со бездомници (ФЕАНТСА) во 2009 година „Споделување на моќта – работа заедно: Учество како алатка за решавање на бездомништвото“ во Копенхаген[19][20] и на конференцијата на Универзитетот во Барселона – Здружение „Прохабитат“ (Associació Prohabitatge) – ФЕАНТСА во 2010 година „Права на домување: од Теорија до пракса“ во Барселона.[21]
Во јуни 2010 година, групата одржала работилница за словенечките социјални работници и бездомниците за самоорганизирање на конференција организирана од словенечкиот уличен весник и невладина организација „Кралевите на улицата“.[22]
„Правда на улиците“ било учесничко дејствувачко истражување спроведено од „Градот е за сите“ помеѓу 2011 и 2013 година. Проектот собирал податоци поврзани и ги проучувал личните искуства на бездомниците во врска со дискриминацијата од страна на претставниците на унгарската држава во Будимпешта.[23]
На 19 јануари 2013 година, триесет активисти за домување биле уапсени под прекршочни обвиненија за непочитување на полициските наредби откако сквотирале во празна куќа во областа Ержебетварош во Будимпешта. „Градот е за сите“ ги поддржал барањата на активистите да ја вратат во употреба напуштената куќа.[24]
„Градот е за сите“ во комбинација со ФЕАНТСА повторно подоцна во 2013 година, за да организира еднодневен семинар насловен „Промовирање на правата за домување во Унгарија“.[25]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.