Печ
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Печ (на унгарски: Pécs) е петти по ред најголем град во Унгарија, сместен на падините на планината Мечек во југозападниот дел на земјата, во близина на границата со Хрватска. Тој е административен и економски центар на округот Барања. Во Печ исто така се наоѓа и седиштетото Римокатоличката епархија Печ.
Pécs Печ | |||
---|---|---|---|
Печ | |||
Координати: 46.07125° СГШ; 18.23311° ИГД | |||
Држава | Унгарија | ||
Округ | Барања | ||
Површина | |||
• Вкупна | 162,61 км2 (6,278 ми2) | ||
Население (2009) | |||
• Вкупно | 156.974 | ||
• Густина | 963,43/км2 (249,530/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Поштенски код | 7600 | ||
Повик. бр. | 72 | ||
Мреж. место | http://www.pecs.hu/ |
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Критериум | Културен: iii, iv |
Навод | 853 |
Запис | 2000 (24th заседание) |
Градот Сопиане (Sopianae) бил подигнат од страна на Римјаните кон почетокот на 2 век, на област која била населена со келтски и панонски племиња. Во 4 век станал главен град на провинцијата Валерија, како и значаен христијански центар. Раниот христијански комлекс кој се наоѓа во градот е од тој период и денеска тој се наоѓа на списокот на светско наследство на УНЕСКО од декември 2002.[1]
Нејзиниот епископат за првпат бил основан во 1009 година од страна на Иштван I, а исто така и првиот унгарски универзитет е основан во Печ во 1367 година од страна на Луј I Унгарски. Тој универзитет и денеска постои и е најголемиот во Печ со околу 34.000 студенти[2]. Печ бил претворен во културен и уметнички центар на земјата од страна на владката Јанус Панонијски голем унгарски хуманист и поет.[3] Печ има богато наследство и од 150 годишната Отоманска окупација, како џамијата на Паша Газим и Сечени плоштадот.
Печ отсекогаш бил мултикултурен град, каде што многу културни слоеви ги претопиле нивните заеднички култури во една за време на две илјади години историја. Унгарците, Хрватите и дунавските Германци и денеска продолжуваат да живеат во мир во економскиот и културен град. Затоа не е изненадувачки што Печ бил избран за Европски град на културата за 2010 година и ја споделува таа титула заедно со Есен и Истанбул. Мототo на градот е: Безграничниот град. После примањето на титулата голем број на иновации започнаа да се случуваат во градот.[4][5] Реномирани јавни места, улици, плоштади и градски делови, нови културни центри, концертна сала, модерна библиотека и нове центар биле дизајнирани.[6][7] Most of them are still under construction.
Во 1998 Печ од страна на УНЕСКО ја добил наградата „Град на мирот“ за одржување на културите на малцинствата во градот, како и за нивниот став и толеранцијата на бегалците од Балканските војни.[8] Во 2007 бил трет, во 2008 втор град рангиран во категоријата „Најдобар град за живеење“.[9] in the category of cities between 75-200 thousand inhabitants.[10]
Население според националност: (попис 2001):
Население според деноминации: (попис 2001):
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.