From Wikipedia, the free encyclopedia
Градишка — град и општина во Босна и Херцеговина, како дел од Репубублика Српска[1][2][3]. Општината географски се наоѓа во источниот дел на регионот Босанска Краина, а градот се наоѓа на Лијевче Поле, на десниот брег на реката Сава, во близина на Стара Градишка, Хрватска и на околу 40 километри северно од Бања Лука. Градот Градишка имал 56.727 жители во 2013 година,[4].
Градишка Градишка (Bosanska Gradiška) | ||
---|---|---|
Местоположба на градот | ||
Координати: 45°08′N 17°15′E | ||
Земја | Босна и Херцеговина | |
Entity | Република Српска | |
Регион | Босанска Краина | |
Управа | ||
• Градоначалник | Зоран Латиновиќ (СДС) | |
Површина | ||
• Вкупна | 761,74 км2 (294,11 ми2) | |
Надм. вис. | м | 163|
Население (2013) | ||
• Вкупно | 56.727 | |
• Густина | 74,5/км2 (193/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Поштенски код | 78400 | |
Повик. бр. | +387 51 | |
Мреж. место | Official website of the municipality |
Во римскиот период, античкиот град Сербинум се наоѓал на местото на денешниот град Градишка. Градот имал стратегиското значење бидејќи овде се наоѓало седиштето на римската флота. Меѓу позначајните археолошки наоди кои биле пронајдени е вијадуктот.
Како Градишки Брод се споменува за првпат како град во 1330 година. Градот имал големо големо значење како место каде реката Сава се користела за да се помине. До 1537 година, градот и неговата околина биле освоени од Османлиите.
Османлиите во градот изградиле тврдина, која служела како северна одбранбената линија на Босанскиот пашалак. Градот исто така бил познат и како Бербир поради неговата тврдината.
По избувнувањето на Првото српско востание (1804) во Смедеревскиот санџак (денешна Централна Србија), во регионот избувнала Јанчичката буна. Јован Јанчиќ Сарајлија застанал на чело на востанието заедно со митрополитот Бенедикт Краљевиќ. Востанието започнало на 23 септември 1809 година, но Османлиите успеале да го задушат, а самиот Јанчиќ бил погубен. Во следните денови околината била изложена на грабежи и опожарување на селата од Османлиите. Во 1834 година избило уште едно востание, кои исто така завршило неуспешно.
Османлиското владеење завршило со австроунгарската окупација на Босна и Херцеговина (1878), по Херцеговското востание (1875-1877). Австроунгарското владеење во Босна и Херцеговина завршило во 1918 година, кога јужнословенските австроунгарски територии биле вклучени во составот на Кралство Југославија.
Од 1929 до 1941 година Градишка била дел од Врбаска бановина.
За време на Југославија, градот бил познат како Босанска Градишка. За време на Босанската војна, градот бил вклучен во составот на Република Српска (РС). По војната, Националното собрание на РС го променил името на градот, изоставајќи ја придавката Босанска, како што било направено со многу други градови (Костајница, Дубица, Нови Град, Петрово, Шамац).
Во времето на СФРЈ во Градишка работеле големи претпријатија, како фабриката за пластика „Стандард“, фабрика за мебел „Радник“, фабриката за облека „Трико“, фабрика за месни производи „Левита“ фабрика за храна „Прехрана“ итн.
По војната, многу компании не биле обновени или оние кои биле приватизирани едноставно пропаднале. Во текот на овој период започнало зголемување на невработеноста.
Денес, најголем број на вработени во Градишка се ангажирани во услужниот сектор, особено во трговијата и угостителството.Поради близина на границата и поволната географска положба на градот, во последните две децении градот претставува омилена одредиште за пазарување меѓу жителите на северозападниот дел на Хрватска и Словенија.
Градишка од 2011 година е поврзана со модерниот автопат со Бања Лука. Северно од градот поминува автопатот Загреб-Белград. Граничниот премин во Градишка е еден од најпрометните во земјата. Тој бил проширен и модернизиран во јуни 2013 година, по приклучувањето на Хрватска во Европската Унија. Во 2015 година започнала изградбата на обиколница која значително ќе го намали транзитниот сообраќај низ градот и сообраќајниот метеж. Меѓународниот на аеродром Бања Лука се наоѓа на 25 километри.
Општина: | Број на население (2013): |
Градишка (град) | 16.106 |
Козинци | 1.740 |
Лисковац | 1.367 |
Крушкик | 1.265 |
Бок Јанковац | 1.234 |
Брестовчина | 1.133 |
Липовача | 733 |
Жеравица | 541 |
Вкупно | 24.119[5] |
Националност | 2013 | 1991 | 1981 | 1971 |
Муслимани | 7.188 (42,68%) | 5.033 (37,35%) | 5.377 (56,09%) | |
Срби | 6.502 (38,60%) | 4.251 (31,54%) | 2.911 (30,37%) | |
Хрвати | 781 (4,63%) | 730 (5,41%) | 808 (8,42%) | |
Југословени | 1.788 (10,61%) | 3.218 (23,88%) | 306 (3,19%) | |
Останати | 582 (3,45%) | 243 (1,80%) | 183 (1,90%) | |
Вкупно | 16.106 | 16.841 | 13.475 | 9.585 |
Во градот се наоѓаат неколку културни институции кои вклучуваат домови и центри за култура, државни библиотеки, театри (кина), различни младински клубови, како и театри, музеи и галерии.
Најважна културна институција во општината е „Културен центар Градишка“. Објектот бил изграден во 1903 година во времето на Австроунгарија, но во последната деценија објектот бил реновиран.
Во руралните области, постојат голем број на културни центри управувани од страна на локалните заедници. Всушност, тие се мулти-културни објекти. Општина Градишка издвојува значителни средства за учество во финансирањето на голем број на културни проекти и програми, како што се програмата за одбележување на Денот на Општината, програмата „Есен во Градишка“, „Денови на Свети Сава“итн.
Културните институции во Општина Градишка се: „Центарот за култура“, Националната библиотека, музеј, Основното музичко училиште „Бранко Смиљаниќ“, уметничка галерија.
Во Општина Градишка се активни 74 спортски организации и тоа. Во општината има вкупно 27 регистрирани клубови со 1.400 играчи. Најстар фудбалски клуб бил ФК Слога, основан во 1926 година, додека најуспешниот фудбалски клуб е ФК Козара, основан во 1945 година. Други клубови се ФК Обрадовац, ФК Старс, ФК Јединство, ФК Братство и ФК Младинец.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.